

Игра на тронови VIII GAME OF THRONES VIII.


Семејство Тирел
Тирел е едно од деветте големи семејства во Вестерос. Тие владеат со Рамнините, на плодно земјиште со многу население.
Членовите на семејството Тирел служеле на сега непостоечкото семејство Гарденер. По доаѓањето на Егон Освојувачот и смртта на Гарденер, Таргариени ги поставиле Тирелови за Господари на Висоградина и Рамнините. Тие ја имаат најголемата армија во Вестерос, а благодарение на плодното земјиште се прилично богати.
Грб: златна роза на зелено поле
Семеен слоган: „Зајакнуваме“
Владеат со: Рамнините
Замок: Висоградина

Што се однесува до правењето сплетки, Лејди Олена, глава на семејството Тирел, е навистина достоен противник на Ланистерови. Иако е во поодминати години и изгледа како мирна стара жена, секако постои причина зошто ја нарекуваат „Кралица на трњата“. Таа е свесна за многуте интриги кои се случуваат зад сцената и има свои методи како да ги собере сите неопходни информации кои ѝ се потребни.

Марџери Тирел е сестра на Лорас и единствена ќерка на Тирел. Се вели дека само нејзиниот ум може да ја надмине нејзината убавина.

Сер Лорас Тирел, попознат и како „Витез на цвеќето“ е вешт витез и натпреварувач во воени борби. Познат низ целиот Вестерос по својата убавина и неговите победи, тој е поранешен штитоносец на Ренли Баратеон и негов љубовник. Прекарот го добил по тоа што го носи истиот цвет на својот оклоп каков што се наоѓа и на грбот на куќата Тирел.

2018 Драма, Фантазија |
||














































