

Игра на тронови VIII GAME OF THRONES VIII.


Семејство Тали
Тали е едно од големите семејства на Вестерос. Една од нив, Кетлин, се омажила за кнезот Едард Старк за време на бунтот на Роберт.
Грб: сребрена риба на сина подлога
Семеен слоган: „Семејство, должност, чест“
Владеат со: Речноземје
Замок: Рекотек

Едмур Тали е најмладиот син на Лорд Хостер, помлад брат на Кетлин и Лиза и секако, наследник на Рекотек и Речноземјето. Тој израснал заедно со Питир Бејлиш и го нарекол „Малопрст“.

Бринден Тали е познат и како „Црна риба“. Тој е вујко на Кетлин, Лиза и Едмур и воен ветеран. Прекарот го добил откако по една долга дискусија неговиот брат Хостер го нарекол црна овца во семејството. Бринден саркастично изјавил дека имаат риба на грбот, а не овца и оттаму е познат како „Црна риба“.

Лорд Хостер Тали е глава на семејството Тали, Господар на Рекотек и Речноземјето. Тој е татко на Кетлин, Лиза и Едмур. Хостер им се придружил на Баратеон, Старк и Арин во бунтот против Лудиот Крал, па дури и го запечатил договорот преку брак. Како старее, сè повеќе ја губи својата сила, но и својот ум.

2018 Драма, Фантазија |
||














































