

Игра на тронови VIII GAME OF THRONES VIII.


Вклучи се во Вестерос 5x01 – „The Wars to Come“
ВНИМАНИЕ:СПОЈЛЕРИ!
Семејство Ланистер
Црна кралица
Новата сезона започнува со „флешбек“ сцена каде малата Серсеј со своја другарка оди во шума каде бара жена која ја претскажува иднината. Откако Серсеј ќе ѝ се закани со моќта на нејзиниот татко, жената ќе се сложи да одговори на три прашања. Според неа, Серсеј ќе се омажи за крал, ќе има три деца, но ќе дојде друга кралица, помлада и поубава, која ќе одземе сè што ѝ е важно. Звучи фер.
Во следниот момент повторно сме во сегашноста. Серсеј оди кон Големиот храм на Баелор за да му оддаде почит на својот мртов татко. Покрај неговото тело е Џејми. Од претходните сезони знаеме дека Ланистерови се возбудуваат на мртовци, но овој пат наместо секс започнува расправија. Џејми трврди дека непријателите токму тоа и го сакаат – да ги раздвојат и да им ја намалат моќта, но Серсеј не може да помине преку тоа што Џејми му помогнал на Тирион да побегне.
Подоцна го гледаме Лансел Ланистер, роднината на Серсеј, кој доаѓа да даде сочувство. Станал дел од религиозна група која фанатично е посветена на верата во Седумте. Тој бара прошка од Серсеј што ја наведувал на инцест и за неговото учество во убиството на Роберт. Серсеј прснува во смеа додека Лансел ѝ зборува.
Интермецо во бордел: Сер Лорас и Оливар уживаат во љубовен чин кога Марџери влегува во просторијата и го потсетува нејзиниот брат дека бракот со Серсеј и натаму е актуелен. Лорас мисли дека по смртта на Тајвин тоа веќе не е прашање и смета дека Серсеј ќе остане во Кралебран за да ѝ го направи пекол животот на Марџери.
Црниот ловец
По двете убиства Тирион бега од Вестерос и стигнува во Пентос. Излегува од кутијата со лице измачено од пиење алкохол. Неговиот спасител Варис се обидува да му објасни дека е неопходно да запре со пиење бидејќи зборуваат за иднината на Вестерос. Откако нема да му успее Пајакот ја менува тактиката. Игра на картата на суета на Тирион и му вели дека би можел да има важна улога во војните кои претстојат на страната на Денерис Таргариен.
Семејство Таргариен
Белата кралица
„Освојувачот секогаш наидува на отпор“ - вели Станис Баратеон. Герила борците познати како „Синови на харпијата“ убиваат Недопрени и останати приврзаници на Денерис. Мајката на змејовите не може да направи многу против нив, но сака да ги испровоцира со јавен погреб на убиениот војник на Недопрените.
Но, по лошите вести, пристигнуваат и една добра вест. Дарио и Хиздар зо Лорак се враќаат од Јункај со успешно завршена мисија. Единственото барање за повторно да ја признаат Денерис за кралица е да ги отвори арените за борба каде би се бореле слободни луѓе наместо робови. На Таргариенка не ѝ се допаѓа идејата и го одбива предлогот.
Но, она што не му успева на Хиздар, му успева на Дарио. По една убава вечер исполената со секс ѝ објаснува на Дени дека тој ја започнал кариерата во тие арени. Платеникот има решение и за бунтовниците: да ги посети некој од змејовите. Дени признава дека веќе не ги контролира, но Дарио ја потсетува дека кралицата на земјовите не може да биде кралица без нив. Резултат од разговорот: непознат.
Интермецо во Долините: Малопрст и Санса го надгледуваат напредокот на Робин Арин во мечување. Потоа го напуштаат замокот на Лорд Ројс и се упатуваат кон запад, иако поради внимателност на Ројс му кажуваат дека одат во Прстите, седиштето на Малопрст. По патот, нивната кочија поминува покрај Бриен која се обидува да се ослободи од Под.
Ноќна Стража
Белиот гавран
Станис е во Црниот замок. Менс Рејдер и останатите Дивјаци се во окови, а Ноќната стража сè уште нема заповедник. Додека, Џон Сноу го тренира момчето што ја уби Игрит, Мелисандра му порачува дека Станис сака да се види со него. На пат кон просториите на Станис, црвената свештеничка флертува со Џон. Очигледно црвенокосите го сакаат вонбрачниот син на Нед Старк.
Станис сака да знае како се чувствува Џон откако Болтонови се чувари на Северот со седиште во Сурозимје, но Џон се обидува да блефира со одговорот кој му се чита од лицето. Станис му вели дека ќе има милост кон сите Дивјаци кои ќе му се поклонат и ќе му помогнат да го освои Сурозимје и Северот. Задачата на Сноу е да го убеди Менс да клекне пред Станис. Ако одбие, Мелисандра ќе прави скара.
Џон многу сериозно ја прифаќа задачата. Му зборува на Менс за гордоста, спасувањето невини животи, стравот од смртта, Белите талкачи. Менс нема шанси да прифати да клекне пред друг крал и да води туѓи војни. Се подготвува скара на отворено.
Пред да го спали, Станис му дава уште една можност на Рејдер, но откако ќе одбие, Мелисандра го започнува нејзиниот вообичаен говор за богот на светлината. Како се палат факелите, Џон го гледа стравот во очите на Менс и го спасува од болка и агонија откако ќе го застрела.
Најдобар цитат во серијата:
Дарио Нахарис: „Кралицата на змејовите не е кралица без змејови“.

2018 Драма, Фантазија |
||














































