


Игра на тронови VII GAME OF THRONES VII.


Вклучи се во Вестерос! – Игра на тронови III, еп.10 („Mysha“)
Семејство Старк
Одмазда
Убиството на Старкови беше вистински масакр. Луѓето на Фреј му ја отсекоа главата на Роб и ја заменија со главата на неговиот страволк како последен чин на понижувањето. Арија, која седи на коњ заедно со Загарот, ја гледа сцената во шок, и потоа брзо го напуштаат местото. Следниот ден, додека јаваат низ шумата, здогледуваат мал тим составен од луѓе на Фреј. Тие седат и се смеат на случувањата од Црвената венчавка. Арија побеснува, оди кај нив за да им ја понуди паричката која ѝ ја даде Џакен Хагар, во замена за храна. Таа ќе ја пушти паричката да падне и кога еден од Фрејовите ќе се наведне по неа, таа го убива со нож. Загарот лесно излегува на крај со другите тројца.
Пуста желба
Бран и неговиот тим конечно пристигнуваат на Ѕидот и преспиваат во Ноќната тврдина. Младиот Бран започнува да раскажува страшни приказни за еден готвач кој ги убивал своите гости. Со оглед дека го прекршил правото на гости, бил казнет од боговите. Ако е тоа точно, како ли ќе го казнат боговите Лордот Фреј?
Сепак, Бран и пријатели не можат да се опуштат затоа што наскоро од еден бунар ќе се појават Сем и Гили. Бунарот е таен тунел кој води кон другата страна на Ѕидот. Кога ќе го здогледа страволкот, Сем сфаќа дека има друштво. Ќе се обиде да ги разубеди со приказни за ледени чудовишта, но тоа не поминува кај Бран. Со оглед дека нема друг избор им го покажува преминот под Ѕидот и им дава змејско стакло и стрели.
Семејство Болтон
Нов господар на Северот
Волдер Фреј му зборува на Руз Болтон како се однесувале лордовите на Северот кон него и дека сега се свртело тркалото. Болтон е Чувар на Северот, додека Фреј станува господар на Речноземјето и замокот Рекотек. Иако Црна риба побегна од венчавката нема сојузници за да ја промени ситуацијата. Особено што има моќен непријател како Тајвин Ланистер кој застана зад Фреј.
Смрдеа
Мачењето на Теон продолжува. Иако тој го моли Ремзи да го убие, овој одбива. Ремзи му вели: „Ти не си повеќе како Теон Грејџој. Мора да се согласиш дека ти си човек без достоинство и без некои делови од телото. Смрдеа! Тоа ќе биде добро име за тебе.“ Прво, тој тврдоглаво ќе каже дека се вика Теон Грејџој, но кога по којзнае кој пат ќе изеде ќотек, ќе признае дека е смрдеа.
Семејство Грејџој
Бејлон и Јара Грејџој добиваат неочекувана порака со печат на Болтон и пакет со златен кракен на црна подлога – грбот на Грејџојови. Писмото е од Ремзи Сноу кој бара сите жители на Железните острови веднаш да го напуштат Северот или живи ќе бидат одрани.
Во меѓувреме, Јара го отвара пакетот и во него сеа наоѓа отсечениот полов орган на Теон. Ремзи наведува и дека ако не се послуша неговото барање ќе следат уште пакети со делови од телото на Теон. Стариот Бејлон воопшто не се потресува, додека Јара не сака да дозволи нејзиниот брат да пати и понатаму и заминува да му помогне.
Семејство Ланистер
Вистинска моќ
Тирион и Санса се шетаат во градината и доколку не беа во присилен брак, ќе изгледаа навистина слатко. Додека планираат како да ги казнат лордовите кои им се смееа за време на свадбата доаѓа Подрик со вести. Тирион веднаш мора да оди на состанок на Малиот совет. Причината за овој вонреден состанок е желбата на Кралот Џофри да се исмејува со смртта на Старкови и да ѝ ја подари на Санса главата на нејзиниот брат за време на неговата свадба. Сите полудуваат од идејата, а најмногу Тирион. По ова, Џофри почува да вика неконтролирано, но го смирува Тајвин со една реченица и потоа и вели на Серсеј да го однесе Кралот да се одмори. Остануваат Тајвин и Тирион и како многупати претходно разговараат за природата на моќта. Тајвин го потсетува дека треба да мисли на наследник и да работи во интерес на семејството. Кога Тирион ќе го потсети дека тој често работел за свои интереси наместо за семејството, Тајвин ќе потврди но ќе изјави дека еднаш сигурно работел во интерес на семејството. Тоа е кога сакал да го убие Тирион како бебе но се премислил.
Како и да е, Тајвин ќе почека за внуче, затоа што Санса сака да знае што се случува со нејзиното семејство. Го чека својот сопруг плачејќи... или воопшто не го ни чека него.
Со оглед дека не знае што друго да прави, Тирион седнува со Подрик и почнува да пие. Но доаѓа Серсеј и поведува разговор за деца. Според неа, ако тој сака Санса да биде среќна по сè што преживеа, треба да има дете. Децата ја спасиле Серсеј да не се самоубие.
Интермецо Варис ја посетува Шеј и пробува да ја натера да го напушти Кралебран и да започне нов живот затоа што и самото нејзино постоење е опасност за Тирион. Дури ќе и даде и ќесе со дијаманти, но таа одбива. Тирион е тој што треба да и каже да си оди.
Интермецо 2
Џејми конечно доаѓа во Кралебран и никој не го препознава. Кога ќе влезе во собата на Серсеј ќе се гледаат долго време пред да прозборат.
Ноќна стража
Иако Џон е убеден дека побегнал од Дивјаците, Игрит го стигнува и изгледа мошне нервозно. Џон се обидува да ја убеди дека немал друг избор и дека сè уште ја сака, но тој не сфаќа дека не е во состојба да преговара. Убеден е дека Игрит ќе го пушти да си оди, но таа го погодува со три стрели...
Сем и Гили конечно доаѓаат до Црниот замок каде тој треба да даде извештај што видел зад Ѕидот. Мајстер Ејмон ги испраќа сите гаврани на Ноќната стража да ги информираат лордовите на Вестерос дека Белите талкачи тргнале повторно на југ.
Набрзо, Џон, мртов уморен и ранет, стигнува до Црниот замок каде прва помош му даваат Сем и Пип.
Семејство Баратеон
Совеста не му дава мир на Давос и тој оди да го посети Гендри во ќелијата во Аждеркамен. Момчето не му верува на Давос, но кога овој ќе му каже дека е роден во сиромаштија како и Гендри, ќе најдат заеднички јазик.
Подоцна, Давос ги чита писмата на неговиот крал во собата на Шерин. Ќе најде едно во кое Ноќната стража бара помош во борба против Другите. Витезот оди да го информира Станис, но претходно ќе стигне нова вест: Роб Старк е мртов и според Мелисандра тоа се случило поради Богот на светлината и крвната магија која таа ја користела. Давос се обидува да му објасни на Станис дека обединувањето на Кралството не се прави со магија, но Станис не го слуша и сака да го жртвува Гендри за да го добие Железниот трон. Давос не се согласува и го пушта момчето на слобода. Кога Станис ќе дознае веднаш го осудува Давос на смрт, а овој успева да му го даде писмото од Ноќната стража. Од писмото Станис и Мелисандра сфаќаат дека вистинската опасност не е Војната не петте кралеви туку опасноста од Северот. Поради тоа решаваат да ја започнат битката против силите на темнината.
Семејство Таргариен Денерис, на портите на Јункај со целата своја армија, чека ослободените луѓе да ги отворат портите. Илјадници луѓе се собираат околу мајката на змејовите. Кога таа ќе започне емотивен говор за слободата, тие ја прекинуваат со извиците „Mysha! Mysha“ што во превод значи „Мајка“. Започнуваат да ја слават како нивни спасител.
Најдобар цитат во серијата:
Џофри: „Јас сум крал. Ќе те казнам за ова.“
Тајвин: „Секој човек што мора да каже ‘Јас сум крал’ не е вистински крал. Ќе те натерам да го разбереш ова кога ќе ја добијам твојата војна.“

2017 Драма, Фантазија |
||














































