

Игра на тронови VIII GAME OF THRONES VIII.


Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп. 3 („Walk of Punishment“)
Семејство Старк
Во Рекотек, членови на семејството Тали го ставаат мртвото тело на Лорд Хостер во вода во текот на неконвенционалниот погреб. За разлика од повеќето други, Хостер имаше можност да починe од природен смрт. Помладиот брат на Кетлин, Едмур, согласно тамошните ритуали, се обидува со огнена стрела да го спали чамецот со телото на татко му, но два пати не успева во тоа. Катлин не може да поверува на своите очи, а Роб мора да се крие за да не го забележат неговото смеење. Откако и по трет пат нема да успее, неговиот чичко Црна Риба ќе ја преземе одговорноста.
Кратко потоа, Црна риба и Роб уште еднаш ќе го критикуваат Едмур, овој пат со зборови. Додека Едмур се фали како успеал да го избрка Грегор „Планината“ во Клесокам, Роб, за првпат по неговото крунисување, се однесува како вистински крал и му вели дека сè мора да биде како што ќе каже тој и дека никој не смее да започнува војна на своја рака.
Арија и „Братството без знамиња“
Најмалата ќерка на Старкова е сè уште длабоко во шумите заедно со Гендри, но сега барем Братството се грижи за нив. Екипата се подготвува да го напушти преноќувалиштето кога го доведуваат „Загарот“ како заробеник. Топла пита останува да работи во таверната како пекар. За збогум, на Арија ѝ приготвува леб во форма на страволк. Гендри ќе забележи дека тоа може да биде кое било животно со четири нозе.
Семејство Грејџој
Мистериозниот слуга на семејството Болтон ќе биде спасител на Теон и го спасува од тортура. Но по бегството, Теон споро се движи и повторно е фатен од страна на луѓето на Болтон. По кратка борба, тој е на земја, а еден од војниците ќе се обиде да го силува. Неговиот спасител повторно се појавува и ги убива сите војници.
Семејство Ланистер
Треба да се состане новоформираниот Мал Совет со Тајвин како Намесник на Кралот. Тајвин веќе седи на чело на масата. Од спротивната страна седи Тирион, додека од десната страна Серсеи. Состанокот започнува. И покрај целата шпионска мрежа, Лорд Варис и Лорд Бејлиш не знаат каде би можел да биде Џејми, иако веќе знаат за погребот на Хостер Тали. Според планот Питир Бејлиш оди во Долината Арин да ја запроси Лејди Лиза Арин. Со тоа, тој ќе стане владетел на Долината и бројот на противници на Роб Старк ќе расте. Но тогаш ќе остане празно местото - Чувар на трезорот што не е многу паметно со оглед дека се подготвува кралската свадба помеѓу Џофри и Марџери Тирел. Токму затоа новата функција ќе му припадне на Тирион. Со оглед дека касата е празна, Тирион ќе мора да создава пари од ништо. Брон нема да му биде од помош, а ниту Лорд Бејлиш. Но тука ќе се најде Подрик Пејн, приврзаник на Тирион, кој ќе добие голема награда (три платени проститутки) откако ќе го спаси неговиот живот во Битката кај Црновода. Тој со себе носи вреќа злато бидејќи проститутките не побарале пари за нивните услуги. Брон и Тирион остануваат без зборови со оглед дека никогаш не слушнале за проститутки кои не бараат пари.
Бриен и Џејми Ланистер
Овој интересен и заробен пар се движи кон Рекотек. Бриен се шегува дека Џејми не е толку добар мечувалец штом може да загуби од жена. Тој и вели дека треба да биде подготвена со оглед дека платениците ќе ја силуваат кога ќе запрат и дека најдобро за неа ќе биде да не дава отпор. Секако, Џејми е во право. Но кога ќе падне ноќта и платениците ќе ја однесат Бриен во блиските грмушки, во Џејми ќе се пробуди моралот. Ќе започне да го убедува Лок дека Тарт не се нарекува за џабе Остров на сафирите и дека ако ја вратат Бриен неповредена ќе може да добијат голем откуп. Откако платениците ќе ја вратат Бриен неповредена, Џејми сфаќа дека има добра позиција за преговори околу неговото ослободување. Тој започнува со познатата фраза „Ланистерови секогаш ги плаќаат своите долгови“, потоа дека имаат многу злато, а на крај како дете во градинка, го споменува и името на својот татко. За момент изгледа дека Лок започнува да го третира Џејми како почесен гостин. Но набрзо Лок му укажува дека не се фатил на мамката и му ја отсекува десната рака.
Ноќна стража
Во претходната епизода, Џон Сноу и дивјаците ќе најдат место на кое Воркот Орел им укажува. Таму ќе најдат многу мрши од коњи во снегот кои се наредени во форма на спирала. Сепак, нема ниту едно човечко тело. Тоа значи само едно - мртвите се оживеани и дека во наредниот период ќе се појават како Бели талкачи. Менс Рејдер им наредува на Џон и Тормунд веднаш да заминат на Ѕидот и да го заземат Црниот замок затоа што во спортивно нема да остане жив ниту еден дивјаците.
Во меѓувреме, членовите на Ноќната стража кои ја преживеаја битката кај Тупаницата на Првите луѓе, стигнуваат кај Крастер и тој, иако неволно, сепак им дозволува престој. Крастер започнува да му се потсмева на Сем поради неговата тежина и поради тоа тој излегува надвор. Во тој момент во една колиба во дворот, се пораѓа Гили и за жал добива син. Сем е сведок на породувањето.
Семејството Таргариен
Денерис игра добра Самариќанка во Астапор кога се обидува да спаси еден речиси мртов роб додека Сер Џора и Сер Баристон се расправаат околу започнува на војна со помош на Недопрените или да регрутираат обични војници кои би се бореле за Денерис доброволно, а не поради тоа што така им е наредено.
Денерис и става крај на таа расправа и решава да ги купи Недопрените кои се 8.000 на број. Се согласува за нив да плати со еден од нејзините змејови. На Мормонт и Баристон не им се допадна трговијата, но сепак таа го прави договорот со господарот на робовите. Со оглед дека сака и слугинка, ја добива Мисандеј како подарок.
Најдобар цитат во епизодата:
Тирион: „Некој совет за мојата нова позиција?“
Малопрст: „Држете ја главата ниско.“
Тирион: „Ако добивав по една златна паричка секогаш кога ќе ја слушнам ова шега, ќе бев побогат од тебе.“
Малопрст: „Но ти си побогат од мене.“
Тирион: „Добар заклучок.“

2018 Драма, Фантазија |
||














































