5. сезона
3. епизода
4.7 / 5 (1026)

Режисер: | Mark Mylod |
2015 | 57 минути Драма, Фантазија |
Улоги: | Peter Dinklage, Lena Headey, Emilia Clarke, Nikolaj Coster-Waldau, Aidan Gillen |
Според бестселер-серијалот книги, „Игра на тронови“ претставува епска приказна за предавството и благородништвото, чие дејство се одвива на континентот Вестерос, каде што летата и зимите можат да траат со години, а желбата за моќ е вечна.
Најгледаната серија во историјата на ХБО и светски телевизиски феномен, „Игра на тронови“ останува огромен хит за мрежата. Оваа година ќе се одигра цела лепеза приказни кои ќе доживеат неизбежни, а често пати и крвави расплети.
По шокантните смртни случаи во четвртата сезона (Џофри, Тајвин, Оберин, Шеј), новата сезона започнува со вакуум во моќта, кој протагонистите во Вестерос и во Есос сакаат да го пополнат. Во „Кесл Блек“, Џон Сноу се бори за рамнотежа во барањата на Ноќната стража. Во меѓувреме, Серсеј се обидува да ја задржи моќта во „Кингс Лендинг“ помеѓу Тајрелови и подемот на една верска група предводена од таинствениот Најт Спероу, додека Џејми оди на тајна мисија. Преку Тесното Море Арија бара стар пријател, додека бегалецот Тирион наоѓа нова цел. А додека опасноста се зголемува во Мирин, Денерис Таргаријан дознава дека нејзината власт врз градот бара големи жртви. Оваа сезона прикажува дел од најексплозивните сцени досега, додека ветувањето дека „зимата доаѓа“ станува позлокобно од кога било претходно.
Еп. 3
Во Бравос, Арија го гледа богот со многу лица. Во Кингс Лендинг, кралицата Марџери ужива во својот нов сопруг. Тијрион и Варис одат по долгиот мост на Волантис.

Семејство Баратеон
Баратеон е едно од големите семејства на Вестерос, иако и едно од најмладите. Тие се сегашното кралско семејство.
Грб: црн елен на златна подлога
Семеен слоган: „Наш е гневот“
Владеат со : Буроземје
Замок: Бурекрај

Семејство Ланистер
Членови на семејството Ланистер и останати ликови поврзани со нив

Семејство Старк
Членови на семејството Старк и останати ликови поврзани со нив

Семејство Таргариен
Членови на семејството Таргариен и останати ликови поврзани со нив

Семејство Арин
Членови на семејството Арин и останати ликови поврзани со нив

Семејство Тирел
Членови на семејството Тирел и останати ликови поврзани со нив

Семејство Грејџој
Членови на семејството Грејџој и останати ликови поврзани со нив

Семејство Тали
Членови на семејството Тали и останати ликови поврзани со нив

Семејство Фреј
Членови на семејството Фреј и останати ликови поврзани со нив

Семејство Мартел
Членови на семејството Мартел и останати ликови поврзани со нив

Ноќна стража
Членови на Ноќната стража и останати ликови поврзани со нив.

Слободни луѓе
Слободни луѓе и останати ликови поврзани со нив.

Магија
Денес магијата ни е позната од легендите за Вестерос, иако тоа не значи дека воопшто не постои. Магијата и натаму е присутна, но скриена од обичните луѓе.

Материјали
Магичните материјали во серијата

Народи, заедници и групи
Заедниците и групите во серијата

Вера и религија
Верите и религиите во серијата

Историски настани
Историски настани во серијата

Вклучи се во Вестерос 5x10 – „Милоста на Мајката“
Штотуку помисливме дека дејствијата во серијата почнаа да се расплетуваат,во секој нејзин дел се случија нови заплети, кои прават да...

Вклучи се во Вестерос 5x09 – „Танцот на змејовите“
Станис направи огромна жртва каква не мислевме дека некогаш ќе направи, Еларија престана да се бунтува, Арија има нова мета која треба да ја убие, Денерис ќе се сретне со нејзината најголема животна закана.

Вклучи се во Вестерос 5x08 – „Жилавдом“
„Зимата доаѓа“ не е повеќе само обична фраза. Сега е тука, а и Другите дојдоа со неа. Во меѓувреме Денерис го именува Тирион за свој советник, Арија ја добива првата задача, додека Серсеј изигрува силна девојка во ќелијата.

Вклучи се во Вестерос 5x07 – „Подарок“
Санса се обидува да го убеди Теон да ѝ помогне, Станис е заглавен во снегот, Тирион и Џора конечно сигнуваат кај Денерис, а Лејди Олена се обидува да се нагоди со Серсеј со помош на Малопрст.

Вклучи се во Вестерос 5х06 - „Ненаведнати, непокорени, нескршливи“
Штотуку помисливме дека го знаеме планот на Малопрст, тој прави нов потег, кој нè враќа повторно назад во темнината. Серсеј се обидува да ги тргне Тајрелови од својот пат. Џејми и Брон се конфронтираат со Песочните Змии, а ни предстои и уште една ужасна свадба.

Вклучи се во Вестерос 5x05 – „Убиј го момчето“
Работите почнуваат да се придвижуваат и на Северот. Станис маршира кон Сурозимје, Болтонови се подготвуваат за опсада, Ремзи ѝ го покажува своето вистинско лице на Санса, која полека почнува да станува рамноправен учесник во играта. Во меѓувреме Денерис бара нови начини за да го сочува мирот.

Вклучи се во Вестерос 5x04 – „Синовите на харпијата“
Студената војна помеѓу Серсеј и Марџери ескалира на ново ниво, Санса е сама во Сурозимје, фанатиците на Верата на седумте излегуваат од контрола, а во оваа епизода се запознаваме и за прв пат со Песочните змии.

Вклучи се во Вестерос 5x03 – „Врховен врабец“
За првата епизода напишавме дека ги поништи местата на шаховските фигури на таблата во Вестерос. Оваа епизода носи ново шаховско отворање. Приказната започнува да се загрева токму како што креаторите ветија.

Вклучи се во Вестерос 5x02 – „Куќата на црното и белото“
Оваа епизода би требало да има наслов „Големи средби“. Бриен ја сретнува Санса, Арија повторно се наоѓа со Џакен, Дрогон ја посетува Дени, а Џон се сретна со својата судбина. Освен тоа, Мартелови и Дорн конечно влегуваат во приказната.

Вклучи се во Вестерос 5x01 – „The Wars to Come“
Смртта на Тајвин Ланистер отстрани многу фигури од шаховската табла на Вестерос, но дел од нив не го сфатија тоа. Во првата епизода од новата сезона се обидуваме да дознаеме која фигура на кое поле се наоѓа.

Вклучи се во Вестерос 4x10 – „Децата“
Неочекуван сојузник и доаѓа на помош на Ноќната стража, Арија конечно заминува за Бравос, Брен го наоѓа гавранот со три очи, а Тирион дознава дека има многу повеќе пријатели отколку што мислел.

Вклучи се во Вестерос 4х09 – „Чувари на Ѕидот“
Во оваа епизода се случува една од најголемите битки во целата серија. Сер Алисер против Тормунд, Џон Сноу против Стир, Ноќната стража против Дивјаците!

Вклучи се во Вестерос 4х08 – „Планината и змијата“
Ќе бидеме сведоци на најголемиот дуел досега во „Игра на тронови“ кој ќе ја реши и судбината на Тирион. Во меѓувреме, Санса му помага на Малопрст да ги изманипулира Лордовите на Долината, а Сер Џора е протеран од Мирин поради предавство.

Вклучи се во Вестерос 4х07 – „Mockingbird“
Откако сите го напуштија Тирион, тој добива помош од сосема неочекувана личност. Во Црниот замок никој не го слуша Џон, Арија и Загарот имаат многу повеќе заедничко отколку што мислат, а Питир Бејлиш уште еднаш јако ќе нè изненади.

Вклучи се во Вестерос 4х06
Судењето на Тирион завршува изненадувачки, Станис позајмува пари од Железната банка, мисијата за спасување на Теон Грејџој завршува неуспешно, а Денерис полека учи како да владее.

Вклучи се во Вестерос 4х05 – „First of his name“
Денерис одлучи да остане и да владее во Мирин, Серсеи ја покажа и нејзината позитивна страна, Џон Сноу и неговите браќа ја напаѓаат тврдината на Крастер, а во Вестерос само се планираат свадби.

Вклучи се во Вестерос 4х04 – „Чувар на заклетва“
Конечно дознаваме кој ја организирал Виолетовата венчавка, Џејми ја праќа Бриен да ја најде Санса, Брен е заробен од побунениците во Крастеровата тврдина, а Денерис го освојува Мирин.

Вклучи се во Вестерос 4x03 – „Кинење на синџири“
Тирион го чека судењето во ќелија, додека неговиот татко го зема новиот крал под своја заштита и гради сојуз со Дорн. Во меѓувреме, Дивјаците стануваат сè посилни, а Денерис пристигнува до последниот голем град во Есос кој треба да се освои.

Вклучи се во Вестерос 4х02 – „Лавот и розата“
Ремзи Сноу сака да се докаже како вистински Болтон, Станис и компанија имаа забава на плажата, а се приближува и најголемата венчавка кога било видена на телевизија!

Вклучи се во Вестерос 4x01 – „Two Swords“
По една година се враќаме со блогот посветен на серијата „Игра на тронови“ затоа што има многу за објаснување во секоја нова епизода. Во премиерата на 4. сезона, на политичката мапа, се појавува едно ново големо семејство, додека Ланистерови сè помалку имаат симпатии еден за друг.

Вклучи се во Вестерос! – Игра на тронови III, еп.10 („Mysha“)
Во последната епизода, Игрит го погодува Џон со стрели, Бран и неговите пријатели доаѓаат на Ѕидот, Арија почнува да убива, Тајвин му држи лекција на Џофри, а Станис оди во битка со Белите талкачи.

Вклучи се во Вестерос! – Игра на тронови III, еп.9 („The Rains of Castamere“)
Денерис зазема цел град со само тројца луѓе, Бран учи како да ги користи своите натприродни способности, додека Старкови се предадени од сите.

Вклучи се во Вестерос! – Игра на тронови III, еп.8 („Second Sons“)
Денерис има уште една армија и обожувач, Тирион му се заканува на Кралот за време на венчавката, Гендри ќе биде дел од една сеанса, додека Семвел ќе убие Бел Талкач.

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп.7 („The Bear and the Maiden Fair“)
Тајвин конечно го контролира Џофри, Денерис се заканува на дипломатски начин, Џејми ја спасува Бриен, а Теон е кастриран.

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп.6 („The Climb“)
Џон Сноу станува алпинист, Едмур мора да се ожени со ќерка на Фреј, Џејми конечно е слободен, додека најголемите умови на Вестерос се судираат во величествен двобој...

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп. 5 („Kissed by Fire“)
Роб Старк доживува предавство, Џејми го обелува образот, Игрит му ја зема невиноста на Џон Сноу, а Ланистер со планот за брак помеѓу Тирион и Санса го возвраќаат ударот.

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп. 4 („And now his watch has ended“)
Тирелови стануваат важен играч, во Ноќната стража владее анархија, Теон е измамен, а Денерис конечно покажува заби...

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп. 3 („Walk of Punishment“)
Во оваа епизода се менуваат работите. Бриен и Џејми се во заробеништво, Црна Риба му држи лекција на својот внук, Болтонови се обидуваат да го убијат Теон, Тајвин повторно му се плетка во работите на Тирион, додека Денерис договора работа во Астапор...

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп. 2 (Мрачни крилја, мрачни зборови)
Во втората епизода главна улога има семејството Старк: до нив стигнуваат страшни вести, на Брен му се придружува момче со слични способности, Арија ја препознаа, Тирелови ја извлекуваат вистината за Џофри од Санса...

Вклучи се во Вестерос! - Игра на тронови III, еп. 1 (Валар Доерис)
На нашиот „Игра на тронови“ блог ќе може да прочитате што се случувало во претходната епизода, ќе ја оцениме епизодата од критичка гледна точка и ќе ги одбереме најдобрите цитати.