„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Quentin Tarantino, Robert Rodriguez, Allison Anders, Alexandre Rockwell
1995 | минути Антологија, Комедија
Улоги:
Tim Roth, Antonio Banderas, Marisa Tomei, Quentin Tarantino, Jennifer Beals
Во една луда новогодишна ноќ, беспомошен портир се соочува со вештерки и со ѓаволски деца, се затекува среде горка врска и решава крвав облог. Мадона, Антонио Бандерас и Брус Вилис се во главните улоги во оваа невообичаена комедија.
Нова година во хотелот „Мон сињор“, поранешен хотел Гранд Холивуд, кој западнал во тешки времиња. Филмот ги прикажува неверојатните несреќни авантури на Тед (Тим Рот), беспомошниот портир во хотелот. Тоа е негова прва ноќ на работа, а помош од него бараат вештерки во апартманот за меден месец. Работите само се влошуваат кога тој носи мраз во погрешна соба и завршува среде домашна расправија во лошо време. Следно, Тед се согласува да ги надгледува децата на еден гангстер додека тој е излезен. Конечно, завршува како медијатор на грозоморен облог. Брус Вилис, Мадона, Џенифер Билс и Антонио Бандерас се во главните улоги во оваа невообичаена комедија, која прикажува четири приказни од режисерите Алисон Андерс, Александре Роквел, Роберт Родригез и Квентин Тарантино.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.