„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Jenny Slate, Edie Falco, Abby Quinn, John Turturro, Jay Duplass
Две сестри во 1995-та во Менхетен ја истражуваат можноста дека нивниот татко има афера и се обидуваат мајка им да не дознае. По пат, двете се здружуваат додека ги конфронтираат нивните проблеми со љубовта, сексот и верноста.
Кога две сестри се сомневаат дека татко им (Џон Тортуро) можеби има афера, тоа ги носи во вител кој открива пукнатини во нивната семејна слога. За првпат, постарата сестра Дана (Џени Слејт), штотуку свршена и во битка со сопствената верност, почнува да се поврзува со својата сестра тинејџерка Али (Аби Квин). Двете се обидуваат да ја откријат вистината без да ѝ кажат на мајка им (Еди Фалко) и се соочуваат со проблематичната реалност на љубовта и сексот. Филмот се одвива во 1990-тите на Менхетен и претставува топла, длабока и комична драма за семејство кое се обединува во тајните и лагите, а е во косценарио и режија на Џилијан Робеспјер („Детето во мене“).
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.