„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Ова е приказна за еден огромен бик со големо срце. Мислејќи дека е опасен ѕвер, него го одбираат за корида во Мадрид, па тој ги собира своите пријатели во обид да се врати дома кај своето семејство.
Во режија на Карлос Салдања, создавач и режисер на серијата „Рио“ и режисер на повеќе филмовите од серијалот „Ледена доба“, „Фердинанд“ ни ги прикажува авантурите на мирољубивиот бик кој е посвоен од еден добар фармер и неговата ќерка. Сепак, неговиот идиличен живот се менува откако луѓето мислат дека е опасен ѕвер и е однесен во камп за тренинг на бикови. Но, Фердинанд е решен да се врати дома. По пат, добриот бик се спријателува со многу пријатели и ги менува животите на тие што ги запознава. Но, сѐ уште пред него има една голема пречка што ќе мора да ја совлада... во еден возбудлив климакс, кога Фердинанд мора да се соочи со матадорот Ел Примеро во преполната арена.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.