„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Marion Cotillard, Matthias Schoenaerts, Armand Verdure, Céline Sallette, Corinne Masiero
Стефани е тренер на орка китови и нејзиниот живот е преобразен кога доаѓа до трагедија за време на едно шоу. Соочена со неподносливи околности, таа му се обраќа на Али, уличен боксер со сопствени животни проблеми...
Али е самохран татко на петгодишно дете. Сем е неговиот син, но едвај го познава. Без дом, без пари и без пријатели, Али наоѓа сместување кај својата сестра Ана во Антибе, на југот на Франција. Таму работите веднаш се подобруваат. Таа ги сместува во својата гаража и се грижи за детето. При една тепачка во ноќен клуб, Али ја среќава Стефани која тренира орка китови. Тој ја вози до дома и ѝ го остава својот телефонски број. Тој е сиромашен, а таа е убава и полна со самодоверба. Кога една од нејзините тренинг-сесии завршува со трагедија, еден повик во ноќта повторно ги спојува. Кога Али ја гледа следниот пат, таа е врзана за инвалидска количка бидејќи ги има загубено своите нозе, а со нив губи и многу од своите илузии. Директниот пристап без сожалување кој го има Али, станува спас за Стефани, но и Али се менува преку цврстината и истрајноста на Стефани, па таа наоѓа нова смисла во животот.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.