„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Harrison Ford, Anne Archer, Patrick Bergin, Sean Bean, Thora Birch
Одморот во Англија на семејството Рајан одеднаш е прекинат кога Џек Рајан се соочува смртоносна терористичка акција. Сега Рајан треба да се штити не само себеси туку и семејството, бидејќи тие стануваат цел на радикална терористичка група.
„Патриотски игри“ е втор бестселер на Том Кленси кој е адаптиран за филм. Харисон Форд во овој акциски трилер го игра најпознатиот лик на Кленси, аналитичарот на ЦИА, Џек Рајан. Во „Патриотски игри“, експлозивен бран на насилство го втурнува Рајан со неговото семејство во најсмртоносната игра на нашето време – меѓународниот тероризам. Она што почнува како одмор во Англија на семејството Рајан, одеднаш завршува кога Џек Рајан е заплеткан во терористичка акција. Успешно спречувајќи го инцидентот, Рајан е соочен со уште посмртоносен предизвик – да се заштити себеси, но и семејството, бидејќи тие стануваат следната цел на радикална терористичка група.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.