„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
George Clooney, Quentin Tarantino, Harvey Keitel, Juliette Lewis, Ernest Liu
Двајца опасни одметници во бегство киднапираат свештеник и неговите две деца и одат на југ во беден мексикански бар за да се засолнат. Наскоро сфаќаат дека не се во обичен бар кога тој почнува да се полни со опасни вампири.
Во овој акциски хорор филм од режисерот Роберт Родригез и сценаристот Квентин Тарантино, Тарантино и Џорџ Клуни играат двајца злобни браќа, Сет и Ричи Геко. По низа грабежи кои оставаат крвава река зад нив, садистичките браќа одат кон Мексико за да живеат убав живот. За да преминат преку границата, тие го киднапираат Џејкоб Фулер, вдовец свештеник, со неговите две деца Кејт и Скот. Штом ќе се најдат јужно од границата, петорката го паркира комбето покрај трошен камионџиски бар, каде што Сет и Ричи треба да се сретнат со локалните бандити. По неколку пијалаци, тие сфаќаат дека не се во обичен бар, кога тој се полни со опасни вампири крвопијци. Иако шансите во голема мера се против нив, Фулерови и браќата Геко се здружуваат во надеж дека ќе ги победат ноќните креатури.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.