„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Rea Lest, Jörgen Liik, Arvo Kukumägi, Katariina Unt, Taavi Eelmaa
Во оваа надреална фантастична драма поставена во 19 век во едно село во Естонија, опседнато од духови, од менувачи на форми и од чума, младата селанка Лина копнее по својот пријател Ханс, кој е опседнат од германска баронеса.
Во оваа приказна за љубовта и преживувањето во 19-вековната Естонија, селанката Лина копнее по селанецот Ханс, а Ханс е неописливо воодушевен од една германска баронеса која поседува сè по кое тој копнее. За Лина, добивањето љубов од Ханс се покажува како неверојатно компликувано во ова темно и сурово подрачје, каде што духови, врколаци, чуми и самиот ѓавол се пресретнуваат, каде грабежите се чести и каде што душите се високо ценети, но доаѓаат евтино. Со примамлива црно-бела кинематографија, Рајнер Сарнет јасно ги доловува овие разновидни животи кои се борат да опстојат, но дали опстојувањето е важно ако се нема душа?
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.