„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Denzel Washington, Paula Patton, Val Kilmer, Jim Caviezel, Adam Goldberg
Научно-фантастичниот акциски трилер се однесува на федералниот агент Даг Карлин (Дензел Вашингтон) кој е вклучен во строго доверлива владина програма за фаќање на терористот одговорен за бомбардирањето на траектот што уби стотици луѓе.
Секој ја има искусено вознемирувачката мистерија на дежа ви – оној одблесок на меморијата кога ќе сретнеш некој непознат а имаш чувство дека се знаете цел живот или кога го препознаваш местото иако никогаш не си бил таму претходно. Но, што ако чувствата се, всушност, предупредувања испратени од минатото или решенија за иднината? Во фасцинантниот акциски трилер од режисерот Тони Скот, тоа е дежа ви што неочекувано го води федералниот агент Даг Карлин (Дензел Вашингтон) низ истрагата во ужасно злосторство. Повикан за обновување на доказите во последиците од фаталната експлозија на Њуорлеанскиот траект, Карлин е повлечен од сцената и однесен е во строго доверливата владина лабораторија која употребува надгледување со временско менување за да помогне да се спречи злосторство. Карлин е блиску до откритието дека тоа што повеќето луѓе веруваат дека е само во нивните глави е всушност многу помоќно – и ќе го одведе во загадочна трка за да спаси стотици невини луѓе.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.