„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Fionn Whitehead, Tom Glynn-Carney, Jack Lowden, Harry Styles, Aneurin Barnard
Евакуација на сојузниците од Британија и од Франција кои биле пресретнати и опколени од германската војска на плажите и пристаништето Данкерк во Франција меѓу 26 мај и 4 јуни 1940, за време на Битката за Франција во Втората светска војна.
Реномираниот филмограф Кристофер Нолан го пишува, го режира и го продуцира овој воен епски акционен трилер. „Данкерк“ започнува со стотици илјади британски и сојузнички сили кои се опколени од непријателските сили покрај северниот француски град за време на Втората светска војна. Заробени на плажа со морето зад грб, тие се соочуваат со невозможна ситуација како што се доближуваат германските сили. Приказната се расплетува на копно, на вода и во воздух. Спитфаерите на РАФ се борат со непријателот на небото над Каналот, обидувајќи се да ги заштитат беспомошните сили долу. Во меѓувреме, бргу составена британска флота ја води легендарната евакуација на над 300 илјади сојузнички воени сили низ тоа што премиерот Винстон Черчил би го нарекол „чудо на спасение“.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.