„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Аманда Силс („Несигурна“) дебитира во прво свое комично шоу на ХБО. Силс се занимаваше со комичарство многу порано пред да стане актерка во „Несигурна“. Во моментов е на турнеја со „Смарт Фани енд Блек“, комичарски натпревар што го создала.
Комичарката Аманда Силс („Несигурна“) го има своето стендап деби во едночасовното комично шоу „Аманда Силс: Јас ќе знам“. Редовна актерка во „Тифани“ и во „Несигурна“, Аманда Силс во моментов е турнеја со „Смарт Фани енд Блек“, комичарски натпревар што го создала самата таа. Како поранешна Виџеј на МТВ со магистерска од Афроамерикански студии при Универзитетот „Колумбија“, таа имаше гостување во „Блек-иш“; потоа ја напиша, ја продуцираше и играше во две сезони на комичната серија „Гет јуар лајф“, а и го води неделниот подкаст „Мали дози“. „Да се биде стендап комичар е чест која не ја сфаќам лесно, затоа што хуморот го сметам за супермоќ која ни дозволува да ја носиме тежината на проблемите и концептите кои инаку изгледаат многу поголеми од нас“, вели Силс.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.