„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Во праисториското минато, за време на последната ледена доба, еден млад човек се обидува да се врати дома откако е разделен од своето племе при ловот на едно бафало. За придружник наоѓа еден исто така изгубен волк.
Епската авантура „Алфа“, што се одвива во последната ледена доба пред 20 000 години, ја раскажува неверојатната приказна во која ни го прикажува потеклото на најдобриот човеков пријател. Додека оди на својот прв лов како иницијација со елитната група од своето племе, еден млад маж е повреден и е оставен да умре откако ловот по еден бизон тргнува во лоша насока. Кога се буди повреден, сам и со километри оддалечен од своето село, тој мора да научи да преживува и да се снаоѓа во суровата дивина. Тој успева да скроти еден осамен волк напуштен од својата глутница, па двајцата учат да се потпираат еден на друг во ловот и стануваат сојузници, преживувајќи безброј опасности додека го бараат патот до дома пред да пристигне смртоносната зима.
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.