„HBO GO“ е интернет услуга на видео на барање (SVOD) достапна на претплатниците на „HBO“ кои имаат широкопојасна интернет врска. „HBO GO“ им нуди на претплатниците повеќе од 5000 часови најдобри филмови, најнови серии, „HBO“ оригинална продукција, документарни филмови, концерти и култни „HBO“ серии. Сето тоа достапно на вашите преносни компјутери, iPhone, iPad или Android телефони и таблети како и на одредени Samsung и LG Smart телевизори, кога било, каде било и колку пати ќе посакате - 24 часа на ден, седум дена во неделата. Содржините на „HBO GO“ се освежуваат неколку пати неделно. Притоа, се отстрануваат најстарите наслови, а на нивно место доаѓаат нови. Повеќето наслови од „HBO“ оригиналната продукција се достапни трајно, без временско ограничување. Покрај секоја програмска содржина можете да пронајдете и датум до кога е достапен насловот на „HBO GO“.
На HBO.mk можете да се најавите и со вашата „Facebook“ или „Twitter“ сметка.
Затворете
Пребарајте ги насловите во нашата програмска база, статиите за ѕвездите и за вашите омилени ТВ серии.
Пример:
HBO, HBO Comedy, Cinemax, HBO HD, HBO GO, HBO Connect, HBO On Demand, Game of Thrones, GOT, Boardwalk Empire, True Blood, TB, The Sopranos, The Pacific, Band Of Brothers, Sex and the City, The Newsroom, Strike Back, The Wire, Girls, Игра на тр
Meryl Streep, Anne Hathaway, Stanley Tucci, Emily Blunt, Simon Baker
Една млада жена од Средниот Запад добива повеќе отколку што барала кога се сели во Њујорк за да стане писателка и каде завршува како асистентка на една тиранска уредничка во големо списание за мода.
Енди Сакс (Ен Хатавеј) е паметна млада жена од Средниот Запад и тукушто дипломирала на факултет и сака да работи во списание како новинарка. Таа аплицирала за работа во „Ранавеј“, најпрестижното модно списание во Америка. Иако Енди малку се интересира за облеката, тие сепак се единственото списание во Њујорк што има издадено оглас за вработување на втора асистентка на уредничката Миранда Присли (Мерил Стрип).
Како што набргу дознава Енди, Миранда има огромна моќ во бизнисот на списанијата и не се плаши да ја искористи, па иако Енди ја добива работата (пред сѐ поради тоа што е на вистинско место во вистинско време), таа наскоро дознава дека работењето за Миранда може да го полуди и најмирниот човек благодарејќи на нејзините бескрајни барања и на одбивањето да му стави крај на работниот ден. Енди се бори да ја задржи својата работа, но и својот разум, знаејќи дека препораката од Миранда може да ги отвори речиси сите врати во сите списанија, но ќе успее ли да го издржи притисокот без да полуди
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе
за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.