close
Премиера
 
Услови за употреба на веб-страните на HBO и Cinemax

Добредојдовте на веб страната на www.hbo.mk (во понатамошниот текст наведена како: “Веб-страната на HBO”) и веб страната на www.cinemax.mk (во понатамошниот текст наведена како: “Веб-страната на Cinemax”, веб страната на HBO и Cinemax во понатамошниот текст наведени како “веб-страните”) , управувани од HBO Europe s.r.o. (со адреса на регистрација: Прага 7, Јанковцова 1037/49, Поштенски код: 170 00, Република Чешка, Рег. Бр. 61466786, регистрирана од Градскиот Суд во Прага, во делот Ц, внеси 29418 (во понатамошниот текст наведено како:”HBO”). Пред користењето на веб-страните, од Вас (во понатамошниот текст наведени како: “Корисник/ци”) се бара внимателно да ги прочитате овие услови за употреба (во понатамошниот текст наведени како: “Услови за употреба”) Доколку Корисникот не ги прифати овие Услови за употреба, користењето на овие веб-страни не е дозволено.

Корисниците потврдуваат дека HBO е емитерот на HBO услугите (HBO, HBO 2, HBO 3 и нивните HD верзии) и провајдерот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање - HBO On Demand и HBO GO.

Опсег на употреба

Корисниците може да ги користат веб-страните исклучиво за нивна лична употреба и лични цели. Користењето на информациите од веб-страните за економска цел или нивно ре-објавување за јавна потрошувачка е строго забрането.

Изменување на Условите за употреба

HBO може да ги менува овие Услови за употреба, целосно или делумно, повремено. Сите измени или модификации ќе бидат во важност кога ќе се постават на веб-страните. Корисникот се согласува да ги прегледува овие Услови за употреба на редовна основа за да биде запознаен со сите измени. Користењето на веб-страните во било кој дел по измените на овие Услови за употреба ќе се смета како прифаќање на измените. Доколку се противите на таквите измени, Ве молиме да престанете да ги користите веб-страните.

Незаконито однесување на Корисникот

Следните активности не се дозволени или овластени од HBO и може да бидат незаконски согласно локалните или Европските закони, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на следното:
- Измени, приспособувања или декриптирање на било кој дел од веб-страните;
- Неовластено хакерство или обид за хакерство на ИТ системите поврзани со веб-страните;
- Објавување, дистрибуирање или неовластено користење на материјалите поврзани со веб-страните.

Исклучување на одговорност

HBO, како и неговите сопственици, поврзани компании, бизнис партнери, консултанти или агенти, до опсег дозволен со важечката регулатива, со ова исклучува секаква и целосна одговорност за автентичноста, комплетноста, законитоста, веродостојноста, функционалноста или достапноста на содржината или информациите на веб-страните.
Со користењето на веб-страните, Корисниците се согласни дека нивното користење на веб-страните е на нивен ризик и дека HBO не презема одговорност за било каква материјална или нематеријална штета или загуба што може да настане при користењето на веб-страните.

HBO исклучува каква било и целосна гаранција и/или обврска за гаранција до максимално дозволениот опсег согласно важечките закони. HBO нема да осигури или гарантира непречено или користење без грешки на содржината или функциите на веб-страните, корекција на грешките или дека серверот за пренос на веб-страните е без вирус или друга штетна компонента.

HBO нема да даде гаранција во врска со употребата или последиците од употребата на содржината и функциите на веб-страните, или нивната точност, прецизност, сигурност или било каква друга функција. Корисниците потврдуваат дека се одговорни за било каква штета претрпена од овие уреди што се користат за пристап до веб-страните и за трошоците за одржување на тие уреди.

HBO нема да даде гаранција за било пречки во услугата што се резулат на грешки во квалитетот или било каква пречка во интернет врската на Корисникот или било каква материјална или нематеријална штета или загуба претрпена во врска со нив.

Информациите или мислењата што се појавуваат на функционалностите на социјалните медиуми на веб-страните нема да се сметаат како информации или мислење на HBO или неговите поврзани компании. HBO не презема одговорност во било кој вид што произлегува од поврзаноста со претходно наведените информации и мислења и Корисниците потврдуваат дека било кој Корисник може да добие сознание за користењето на претходно наведените информации и мислења. HBO исклучува било каква одговорност за загуба, штета (било тоа да е вистинска, последователна, казнена или друга штета), нарушување, долг, обврска или било која друга околност, основана на или резултат од било која информаија или мислење што се појавува на веб-страните.

Материјални поднесени на веб-страните

HBO ќе има не-ексклузивно, постојано, ослободено од такси за лиценци, користење на било каков текст, било каква електронска пошта, фотографија, видео, предлог, концепт или идеа (без оглед на тоа дали е предмет на авторско право или не) што е во сопственост и е поднесена од Корисниците до веб-страните и во било која форма за било која причина (“Поднесен материјал”) без оглед на локацијата од каде е пренесена и HBO има право да го користи Поднесениот материјал во било кое време сега или во иднина како дискреционо право за било која причина што му е потребно. HBO не презема одговорност за било кој материјал испратен до веб-страните.

Обештетување

HBO ќе ги обештети своите директори, агенти, вработени и поврзани компании за било какво побарување или трошоци поврзани со побарување настанато од трета страна што се припишува на прекршувањата на Корисникот на овие Услови за користење.

Право на интелектуална сопственост

Корисниците потврдуваат дека архитектурата, изгледот, сликите и содржината на веб-страните се заштитени со авторско право и други права на интелектуална сопственост.

Сите услуги, содржина, информации и софтвер (апликација) што се на веб-страните, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на медиумски содржини и нивни слики, други слики, фотографии, карактери, имиња, графики, логоа, илустрации како и софтверски продукти (апликации) се интелектуална сопственост на HBO или други компании во неговата групација, или трети страни овластени од HBO да ја користат интелектуалната сопственост. Соодветно, сите услуги, содржини, информации и софтвер (апликација) што се на веб-страните се под авторска или друга правна заштита. Изрично е забрането умножување, копирање, дистрибуција (вклучувајќи преку електронска пошта, факс или било какви други електронски уреди), објавување, изменување, пренос или друга употреба на веб-страните или на други компјутерски мрежи на било какви услуги, содржина, информации или софтвер (апликација) пристапени од веб-страните.

Линкови

HBO нема да биде одговорен за содржината на било кои надворешни веб-страни одржувани од трети лица и претставени со линк поставен на веб-страните. Секој може да креира линк што ќе ги упатува Корисниците на веб-страните, под услов линкот да не изјавува, наведува или дава впечаток дека HBO или група или физичко лице поврзани со HBO, спонзорираат или поддржуваат веб-страници што водат до овие веб-страници. Корисниците не може да користат лого, трговска марка, сервисна марка или било каков материјал под заштита на авторски права што се појавува на веб-страните без изјавена писмена согласност од сопствениот на дадената марка или право. Корисниците не може да користат било кој дел од содржината или било кој материјал што се наоѓа на веб-страните или да го вклучуваат истото на било која друга веб-страна без претходна писмена согласност од HBO.

Делумна клаузула за неважност

Доколку некоја одредба од овие Услови за користење се докаже дека е неважечка или непримелнива, нема да влијае на другите одредби од овие Услови за користење што ќе останат во сила и важност.

Применлив закон и надлежна јурисдикција

Чешките закони ќе ги уредуваат овие Услови за употреба. Корисникот може да има право на заштита на правата и останати задолжителни одредби од применливите локални закони. Страните ќе ги искористат сите напори за спогодбено решавање на сите спорови, побарувања, прашања или ралики што ќе произлезат од или се во врска со овие Услови за употреба. Сите спорови, дискусии или побарувања што произлегуваат од или се во врска со овие Услови за употреба може да бидат поднесени од било која страна до надлежните јурисдикции или надлежниот Чешки суд.

Користење на колачиња

Корисниците се согласуваат дека додека ги гледаат веб-страните, системот испраќа анонимен идентификатор за посетителот, таканаречено колаче, во компјутерот на Корисникот. Понатаможни информации за користењето на колачињата се достапни во Политиката за колачиња. Политиката за колачиња претставува неделив дел од претставените Услови за користење. Кликнете тука за Политиката за колачиња.

Применлив јазик

Доколку Условите за користење се достапни на веб-страните на локалниот или Англискиот јазик, локалната верзија секогаш ќе преовладува.

Информации за контакт

HBO Europe е достапна директно на Чешкиот телефонски број +420 261 094 44 на Чешки и Англиски јазик или на следната адреса за електронска пошта: sekretariat@hbo.cz на Чешки и Англиски јазик.
Советот за радио и телевизиско емитување, Škrétova 44/6, 120 00 Прага 2, Република Чешка, www.rrtv.cz,е регулаторниот орган што врши супервизија на обезбедувањето услуги од HBO.

Последно ажурирање на 25 мај 2018 година

 

Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ