close
Премиера
 
15667_-_254

HBO ја најави втората сезона на „ИГРА НА ТРОНОВИ“!

Лос Анџелес, 19 април, 2011 - По силната реакција на критичарите и гледачите за премиерата на серијата на 17 април, HBO донесе одлука за снимање на втора сезона на „ИГРА НА ТРОНОВИ“, објави Мајкл Ломбардо, програмски претседател на HBO.

„Воодушевени сме од тоа како Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс го пренесоа неверојатниот серијал романи на Р. Р. Мартин на екраните и од поддршката на медиумите и гледачите.“

Заснована на серијата фантазиски романи „Песна за мразот и огнот“ од Џорџ Р. Р. Мартин, „ИГРА НА ТРОНОВИ“ следи кралеви и кралици, витези и отпадници, лажливци и благородници во борбата за моќ во земја каде летата траат со децении, а зимите може да траат цел живот.

Меѓу првите критики, „ТV Guide“ ја нарече серијата „крунисан триумф“ и „брилијантна“, додека „Los Angeles Times“ за „ИГРА НА ТРОНОВИ“ вели дека е „одлична и спектакуларна серија“, како и дека е „дива и маѓепсувачка“. „Holywood Reporter“ ја пофали „одличната приказна, прекрасната глума и воодушевувачките визуелни ефекти“, додека „New York Post“ увиде дека „режијата, глумењето и неверојатните сцени оставаат без здив, исто како и обемноста на серијата.“

Вкупниот број на гледачи кои ја следеа премиерата на „ИГРА НА ТРОНОВИ“ е 4.2 милиони.

Актерската екипа на првата сезона ја сочинуваат: Марк Ади, Алфи Ален, Шон Бин, Емилија Кларк, Николај Костер-Валдау, Питер Динклиџ, Мишел Ферли, Ејдан Гилен, Џек Глисон, Ијан Глен, Кит Харингтон, Лина Хеди, Ајзак Хемпстед-Рајт, Хери Лојд, Ричард Меден, Рори Меккен, Џејсон Момоа, Софи Тарнер и Мејси Вилијамс.

Извршни продуценти на „ИГРА НА ТРОНОВИ“ се Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс; извршни копродуценти: Керолин Штраус, Гајмон Кесиди, Винс Џерардис, Ралф Вичинанца и Џорџ Р. Р. Мартин; продуценти: Марк Хафам и Френк Делгер; директори на фотографија: Марко Понтекорво, Алик Сахаров и Мет Џенсен; сценограф: Гема Џексон; костимограф: Мишел Клептон.

20-04-2011
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ