close
Премиера
 
38787_-_254
Извор: Europress / Getty Images

„HBO“ со неколку престижни „Caucus“ награди за продуценти, режисери и сценаристи

„HBO“ имаше навистина причини за славење на 30-тите по ред „Caucus“ награди за продуценти, сценаристи и режисери. На свечената церемонија, Мајкл Ломбардо, директор на „HBO“, ја доби наградата за извршен директор на годината.

Ломбардо изјави: „Оваа награда е слична на наградата сопруг на годината. Најважен е изборот на партнер.“ Потоа, тој ги пофали сите негови соработници од „HBO“ кои го вградиле својот талент во компанијата и се најзаслужни за наградите.

И други соработници на „HBO“ се закитија со награди. Џеј Роуч стана режисер на годината за неговите филмови „Промена на играта“ и „Пребројување“. Греам Јост ја освои наградата за сценарист на годината за „Justified“ снимен според приказните на Елморд Леонард.

Уште еден продуцент кој често работел со „HBO“ се закити со награда. Станува збор за Стен Латан кој доби награда за животно дело.

Што се однесува до категоријата продуцент на годината, таа им припадна на креаторите на „Homeland“, Хауард Гордон и Алекс Ганза.

Покрај ова, „Caucas“ доделува награди и стипендии за талентирани студенти и идни продуценти, режисери и сценаристи.

07-12-2012 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ