close
Премиера
 
44086_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Анет Бенинг во најновиот хумористичен проект на „HBO“

Потенцијалната комична серија на „HBO“ веќе собира одлична актерска екипа.

Џеј Роуч ќе биде режисер на проектот кој се нарекува „The Third Coast“, а една од актерките во екипата е Анет Бенинг.

Сценарист е Пол Рудник, а дејствието се врти околу една мошне успешнас кастинг директорка (Анет Бенинг) во Ново Мексико. Извршни продуценти ќе бидат Рудник, Роуч и Џон Лајанс. Оваа серија ќе ја врати оскаровката Бенинг на „HBO“, првпат по 2005 година, кога со филмот „Mrs. Harris“ освои номинација за „Еми“.

За Роуч, ова е дел од неговиот две и пол годишен договор со „HBO“ кој го потпиша минатата година по одличниот успех со „Промена на играта“ и „Пребројување“.

02-08-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ