close
Премиера
 
40612_-_254
Извор: Europress / Getty Images

„The Hold Steady“ ја снимаат песната за третата сезона на „Игра на тронови“

Креаторите на серијата „Игра на тронови“, Дејвид Бениоф и Ден Вајс, ги повикаа бруклинските рокери „The Hold Steady“да снимат нивна музичка верзија на песната „The Bear and the Maiden Fair“ на Џорџ Мартин.

По двегодишна соработка со бендот „The National“, продуцентите на серијата влегуваат во партнерство со „The Hold Steady“ за нов сингл кој произлегува од серијалот книги на кои се базира серијата.

„The Hold Steady“ планираат да издадат винил со песната „The Bear and the Maiden Fair“ по повод „Record Store Day“ кој се одбележува на 20-ти април.

Бениоф и Вајс изјавија: „Ова е една од најпопуларните песни во Вестерос, поеднакво почитувана и од благородниците и од обичните луѓе. Се изведува на забави, во таверни, буквално секаде. Ние сакаме нашата верзија да биде непристојна и помалку лигава. Пијани музичари ќе се качуваат на маса и ќе свират додека гласната забава продолжува околу нив. Сметаме дека нема подобар избор од Hold Steady за оваа работа.“

Претходно, беше објавена и „The Rains of Castamere“, снимена од „The National“, според текст од серијалот книги „Песна за мразот и огнот“.

07-03-2013 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ