close
Премиера
 
26706_-_254

„HBO“ освои 18 номинации за „Златен Глобус“!

„HBO“ освои 18 номинации за 69-тото по ред доделување на престижните награди „Златен Глобус“. Тоа е повеќе од која било друга телевизиска мрежа.

Минисеријата „Милдред Пирс“ е главниот фаворит на „HBO“ со дури 4 номинации. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 15-ти јануари 2012 година во Лос Анџелес, а преносот ќе можете да го следите во живо, ексклузивно на „HBO“ во 02:00 часот.

Номинациите за „HBO“ на 69-тото доделување на „Златен Глобус“ вклучуваат:

4 номинации за серијата „Милдред Пирс: за најдобра минисерија или тв филм, најдобра актерка во минисерија или тв филм (Кејт Винслет), најдобра споредна женска улога во серија, минисерија или тв филм (Рејчел Вуд) и најдобра споредна машка улога во серија, минисерија или тв филм (Гај Пирс). Гледачите во Македонија веќе имаа можност да ја гледаат серијата на „HBO“, а сите оние кои ја пропуштиле ќе можат повторно да ја погледнат со помош на услугата „HBO On Demand“ во текот на февруари.

3 номинации за серијата „Апсолутна власт: за најдобра драмска серија, најдобар актер во драмска серија (Стив Бушеми) и најдобра споредна женска улога во серија, минисерија или тв филм (Кели Мекдоналд). Втората сезона на „Апсолутна власт“ ексклузивно беше прикажана на „HBO On Demand“, само еден ден по американската премиера, а почнувајќи од 2-ти јануари ќе се прикажува секој понеделник на „HBO“.

3 номинации за „Cinema Verite“: за најдобра минисерија или тв филм, најдобра актерка во минисерија или тв филм (Дајан Лејн) и најдобра споредна машка улога во серија, минисерија или тв филм (Тим Робинс). Филмот, на „HBO“ во Македонија ќе можете да го погледнете во текот на следната пролет.

3 номинации за „Too Big to Fail“: за најдобра минисерија или тв филм, најдобар актер во минисерија или тв филм (Вилијам Хурт) и најдобра споредна машка улога во минисерија или тв филм (Пол Џамати). Филмот, на „HBO“ во Македонија ќе можете да го погледнете во 2012 година.

2 номинации за серијата „Просветлени: за најдобра тв серија-комедија или мјузикл и најдобра женска улога во тв серија-комедија или мјузикл (Лора Дерн). Серијата „Просветлени“ на „HBO“ може да ја следите секој петок во 20:05 часот, со помош на услугата „HBO On Demand“.

2 номинации за серијата „Игра на тронови: за најдобра драмска серија и најдобра споредна машка улога во серија, минисерија или тв филм (Питер Динклиџ). Првата сезона на серијата „Игра на тронови“ е достапна преку улугата „HBO On Demand“.

1 номинација за серијата „Очаен во категоријата најдобар актер во тв серија-комедија или мјузикл (Томас Џејн). Третата сезона на серијата е достапна преку услугата „HBO On Demand“.

Свеченото доделување на „Златните глобуси“ ќе се одржи на 15-ти јануари 2012 година во Лос Анџелес, а преносот во живо ќе можете да го следите ексклузивно на „HBO“ во 02:00 часот.

18-12-2011
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ