close
Премиера
 
35456_-_254

„HBO“ освои дури 81 номинација за наградата „Emmy“!

„HBO“ освои неверојатни 81 номинација на 64-тите „Primetime Emmy®“ награди, повеќе од било која друга мрежа и тоа 12-та година по ред. „Хемингвеј и Гелхорн” води помеѓу сите „HBO“ проекти со дури 15 номинации, „Апсолутна власт“ и „Промена на играта“ освоија по 12, додека фантастичната серија „Игра на тронови“ се закити со 11 номинации.

Списокот на сите „Emmy®“ номинации за „HBO“ оваа година:

15 номинации за „Хемингвеј и Гелхорн“, вклучувајќи ги и оние за најдобра мини серија или филм, најдобра машка улога во мини серија или филм (Клајв Овен), најдобра женска улога во мини серија или филм (Никол Кидман), најдобра споредна машка улога во мини серија или филм (Дејвид Стратерн) и најдобра режија за мини серија или филм (Филип Кауфман).

„Хемингвеј и Гелхорн“ ќе биде премиерно прикажан на „НВО“ оваа есен.

12 номинации за „Апсолутна власт“, вклучително и најдобра драмска серија, најдобра машка улога во драмска серија (Стив Бушеми) и најдобра режија за драмска серија (Тим ван Патен).

Втората сезона на серијата гледачите имаа прилика да ја следат преку услугата „HBO On Demand“, само еден ден по американската премиера, додека третата сезона ќе можат да ја гледаат овој септември на „НВО“ и „HBOOn Demand“.

12 номинации за „Промена на играта“, меѓу кои и најдобра мини серија или филм, најдобра главна машка улога во мини серија или филм (Вуди Харелсон), најдобра главна женска улога во мини серија или филм (Џулијан Мур), најдобра споредна машка улога во мини серија или филм (Ед Харис), најдобра споредна женска улога во мини серија или филм (Сара Полсон), најдобра режија на мини серија или филм (Џеј Роуч) и најдобро сценарио за мини серија или филм (Дени Стронг).

ТВ драмата „Промена на играта“ ќе можете да ја гледате овој септември на „HBO“.

11 номинации за „Игра на тронови“, вклучувајќи ги и најдобра драмска серија и најдобра споредна машка улога во драмска серија (Питер Динклиџ).

Втората сезона на фантазискиот спектакл „Игра на тронови“ гледачите на „НВО“ во Македонија можеа да ја гледаат само еден ден по американската премиера, а во моментот во тек е снимањето на третата сезона која ќе се емитува следната пролет.

6 номинации за „George Harrison: Living in the Material World“, меѓу кои и најдобра вистинита приказна и најдобра режија на вистинита приказна (Мартин Скорсезе).

5 номинации за „Лери Дејвид“, вклучително и најдобра хумористична серија, најдобра главна машка улога во хумористична серија (Лери Дејвид), најдобар гостувачки актер во хумористична серија (Мајкл Џ. Фокс) и најдобра режија за хумористична серија (Роберт Б. Вајде).

5 номинации за „Девојки“ вклучувајќи ги и оние за најдобра хумористична серија, најдобра главна женска улога во хумористична серија (Лина Данам), најдобра режија на хумористична серија (Лина Данам) и најдобро сценарио за хумористична серија (Лина Данам).

3 номинации за „Потпретседателка“, меѓу кои и оние за најдобра хумористична серија и најдобра главна женска улога во хумористична серија (Џулија Луис-Драјфус).

2 номинации за „Paradise Lost 3: Purgatory“, поточно оние за особен придонес во развој на документарниот филм и најдобра режија на вистинита приказна (Џое Берлингер и Брус Синофски).

2 номинации за „Real Time with Bill Maher“, односно за најдобро вариете и најдобра режија за вариете.

Други проекти на „HBO“ кои добија номинации се: „Боби Фишер против светот“, „Свита“, „Втора сезона на Игра на тронови - Збогатено дигитално доживување“, „Глорија: Со нејзини зборови“, „Мел Брукс и Дик Кавет повторно заедно“, „2012 Rock and Roll Hall of Fame Induction Ceremony“, „The Weight of the Nation“ и „The Weight of the Nation for Kids: The Great Cafeteria Takeover“. Покрај тоа, и „CINEMAX“ серијата „Повратен удар“ исто така доби „Emmy®“ номинација.

20-07-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ