close
Премиера
 
32645_-_254

„HBO“ објави дека ќе има и трета сезона на „Игра на тронови“

Лос Анџелес, 10-ти април, 2012 - „HBO“ најави дека ќе има и трета сезона на ултра популарната серија „Игра на тронови“. Оваа вест беше пренесена од страна на Мајкл Ломбардо, програмскиот претседател на „HBO“.

„Креаторите на серијата Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс ги исполнија, па дури и ги надминаа нашите очекувања во врска со втората сезона“ - изјави Ломбардо. „Ние сме пресреќни од целата поддршка што ја добиваме од фановите и медиумите и со нетрпение чекаме да видиме што тоа чуваат Ден и Дејвид за следната сезона.“

Серијата се базира на бестселер книгите на Џорџ Р. Р. Мартин, а дејството во оваа епска драма е сместено во светот на Вестерос, каде живеат амбициозни мажи и жени, чесни, но и со сомнителен морал. Во овие земји летата и зимите може да траат со години. Втората сезона на „Игра на тронови“, серија која освои и Еми и Златен Глобус, започна да се прикажува на 2-ри април, а секоја нова епизода се емитува секој понеделник во 20:05 часот.

Позитивни критики доаѓаат од сите страни. „Њуздеј“ ја нарече најдобра ТВ серија, додека „Лос Анџелес Тајмс“ ја опиша со зборовите „филмска гозба“ и „маестрално“. Угледниот „Вол Стрит Џурнал“ ја прогласи серијата за „величествена“, а „USA Today“ ја нарече „перфекција“.

Според првичните податоци, премиерата на втората сезона на „Игра на тронови“ ја гледале 8.3 милиони гледачи и веќе е на добар пат да го надмине просекот на првата сезона, кој изнесуваше 9.3 милони гледачи.

Актерската екипа на втората сезона ги вклучува: освојувачот на Еми и Златен Глобус, Питер Динклиџ, Мишел Ферли, Лина Хедеј, Емилија Кларк, Николај Костер-Валдау, Ејдан Гилен, Ијаин Глен, Кит Харингтон, Ричард Меден, Мејси Вилијамс, Ајсак Хемпстед-Рајт, Софи Тарнер, Џек Глисон и Алфи Ален.

Извршни продуценти на „Игра на тронови“ се Дејвид Бениоф, Д. Б. Вајс, Керолин Страус, Френк Доелгер; ко-извршни продуценти се Џорџ Р. Р. Мартин, Ванеса Тејлор, Алан Тејлор, Гајмон Кесиди, Винс Џерадис; продуцент е Бернадет Колфилд.

11-04-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ