
Извор:
Europress / Getty Images
„HBO“ до Џорџ Мартин: „Пишувај побрзо!“
Како и милиони нестрпливи фанови низ светот, така и одговорните во „HBO“ почнаа да го притискаат Џорџ Мартин побрзо да ја напише шестата книга од серијалот.
На прес конференцијата во Беверли Хилс, Ричард Плеплер, претседател на „HBO“ и Мајкл Ломбардо, програмски претседател на мрежата, одговорија на шпекулациите дека серијата ќе има само седум сезони.
Ломбардо изјави: „Што се однесува до мене, серијата може да има онолку сезони колку што ќе има материјал. Инаку сè уште не сме стигнале до тој разговор со креаторите Бениоф и Вајс.“
Тие одговорија дека сè зависи од брзината на пишување на Џорџ Мартин. Во брзо време, се очекува од печат да излезат уште две нови книги од серијалот „Песна за мразот и огнот“.
30-07-2013
| Извор:
Entertainment Weekly