close
Премиера
 
44722_-_254
Извор: HBO

„Behind the Candelabra“ со најмногу награди на „Creative Arts Emmy Awards“

Биографскиот филм „Behind the Candelabra“ во продукција на „HBO“, во кој настапуваат Мајкл Даглас и Мет Дејмон, освои 8 награди на церемонијата која се одржа завчера во Лос Анџелес.

Помеѓу останатите награди, филмот ги освои и оние за најдобар кастинг, најдобра монтажа и најдобар микс на звук. Режисерот Стивен Содерберг, при приемот на наградите, посебна благодарност испрати до неговата мајка.

На второ место се пласира уште еден тв производ на „HBO“. Станува збор за серијата „Апсолутна власт“ која се закити со 4 награди на „Creative Arts Emmy Awards“. За најдобра драмска серија е избрана „Семејството Борџија“.

„HBO“ освои вкупно 20 награди, а покрај погореспоменатите два проекта, награди освоија и „Louis C.K.: Oh My God“, „Лов на човек: Потрагата по Бин Ладен“, „Mea Maxima Culpa: Silence in the House of God“,„ An Apology to Elephants“ и „Игра на тронови“.

17-09-2013 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ