close
Премиера
 
55249_-_254

„Успех“ - Прва оригинална HBO серија од нашиот регион

Со гордост ја најавуваваме серијата „УСПЕХ“ - прва серија од оригиналната продукција на HBO во нашиот регион и во режија на оскаровецот Данис Тановиќ.

Сценариото за серијата „УСПЕХ“ во шест продолженија е на нашиот Марјан Алчевски кој е еден од победниците на HBO Adria „First Draft“ натпреварот.

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

„УСПЕХ“ ќе се снима под диригентска палка на Данис Тановиќ. Ова е првпат Тановиќ да работи на режија на серија. Данис Тановиќ е босанско-херцеговски режисер, сценарист и продуцент која живее и работи во Сараево. Ги режирал наградените филмови „Смрт во Сараево“, „Епизода во животот на собирачот на железо“, а неговиот дебитантски филм „Ничија земја“ (No Man's Land), каде се јавува како сценарист и режисер, освои „Оскар“ и „Златен глобус“ за најдобар
странски филм во 2001 година.

„Веќе долго време добивам материјали и понуди за снимање на серии за кои во моментов сметам дека се поинтересни и поинвентивни од играните филмови, но ниту една не ме заинтригирала досега. Сценариото на Марјан Алчевски е напишано сјајно и навистина ми е мило што HBO го препозна квалитетот и ми понуди соработка” – изјави режисерот Данис Тановиќ.

Продуценти на серијата се Ана Балентовиќ (HBO Adria) и Џонатан Јанг (HBO Europe), додека продукцијата на серијата „УСПЕХ“ е доверена на продуцентската куќа „Други план“.

Ентони Рут, извршен потпретседател на програма и продукција во HBO Europe, изјави: „УСПЕХ е одлично напишана драма кој навлегува под површината на современиот урбан начин на живеење откривајќи ја приказната слој по слој. Воодушевени сме што откривме брлијантен млад писател како Марјан и што можеме да му посакаме добредојде на Данис во HBO Europe по повод првата серија која ќе ја режира, која воедно е и наша прва оригинална драма од Адрија регионот.“

„Целиот HBO Adria тим е горд што на нашите гледачи во Хрватска и регионот им ја донесуваме првата домашна HBO серија. Особено што сценариото е производ на нашиот „First Draft“ натпревар и соработката со еден од победниците – одличниот автор Марјан Алчевски кој е дел од младата генерација. Со оглед дека Оскаровецот Данис Тановиќ прифати да ја режира серија сигурни сме дека со оваа типична новозагрепска приказна ќе се поистоветат и нашите гледачи во Словенија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора“ – изјави Марин Кариж, директор на HBO Adria.

HBO Adria „First Draft“ натпреварот беше претставен во август 2016 година на Филмскиот фестивал во Сараево како дел од CineLink драмската програма, со повик до авторите да ги пријават своите оригинални сценарија сместени на територијата на Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. На натпреварот беа пријавени 570 сценарија.

ОРИГИНАЛНА HBO EUROPE ПРОДУКЦИЈА

HBO Europe продуцира квалитетни серии во Чешка, Романија, Полска и Унгарија уште од 2010 година. Наградуваната мини-серија „Несогорливата капина“ (Burning Bush), како и врвните драмски серии „Златен живот“ (Aranyélet), „Мамон“, „Shall We Kiss“, „Глутница“ (Wataha) ги освоија критичарите и публиката во земјите каде се снимени, но пробудија голем интерес и на меѓународна сцена. Секогаш смели, на работ, единствени, револуционерни и подготвени за рушење на табуа – продукцијата со потпис на HBO стана синоним за квалитетни приказни.

Сите серии од оригиналната HBO Europe продукција се достапни преку видео услугата на барање HBO GO на www.hbogo.mk

14-02-2018
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ