close
Премиера
 
41054_-_254

„Игра на тронови“ се враќа со третата сезона на 1. април

Со гордост ви ја најавуваме ексклузивната премиера на 3. сезона на фантазискиот драмски спектакл „Игра на тронови“, кој се враќа на „HBO“ со нови 10 продолжетоци во понеделник, 1. aприл во 20:05 часот. Нови продолжетоци ќе следуваат секој понеделник во истиот термин.

Додека се лади заливот Црна Вода, победниците ја утврдуваат власта и го обновуваат Кралебран. Но, новите предизвици за Железниот трон се јавуваат од најнеочекувани места. Ликовите, стари и нови, треба да се снајдат меѓу барањата на семејството, честа, амбицијата, љубовта и, најмногу од сѐ, опстанокот, додека граѓанската војна во Вестерос беснее во текот на есента.

Како што почнува третата сезона, Ланистерови ја имаат апсолутната власт во Кралебран, откако ги одбија силите на Станис Баратеон. Сепак, Роб Старк, кралот на Северот, уште контролира голем дел на Југот и уште нема изгубено битка. Далеку на Северот, Менс Рајдер ги обединува дивјаците во најголемата војска што ја видел Вестерос. Само Ноќната стража стои меѓу него и седумте кралства, но никој не знае што се случило со Заповедникот и војската што ја поведе зад Ѕидот.

Преку Тесно Море, Данерис Таргaриен – повторно со своите три змеја што растат – оди во Заливот на Робовите, во потрага по бродови што ќе ја одведат дома и по сојузници за да го освои тронот.

Премиерата на првото продолжение на серијата „Игра на тронови“ е на 1. aприл 2013 во 20:05 часот на „HBO“, само еден ден по американската премиера, додека останатите продолженија ќе следуваат секој понеделник.

22-03-2013
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ