close
Премиера
 
39930_-_254
Извор: HBO

„Игра на тронови“ на пет локации и со нов член на екипата

Серијата „Игра на тронови“ повторно ја проширува својата база за снимање.

Овој фантазија серијал на „HBO“ веќе го има она што може да се смета за најамбициозен распоред на снимање во историјата на тв сериите. За третата сезона, серијата се снимаше неколку месеци во четири земји - Мароко (поголем дел од приказната за Дајнерис), Исланд (Џон Сноу и акциите зад Ѕидот), Хрватска (сцените од Кралебран) и Северна Ирска каде се снимаше сè останато.

Но, продукцијата на серијата додава уште една дестинација за снимање. Станува збор за Лос Анџелес.

Проуцентот Дејвид Бениоф изјави: „За првпат одиме да снимаме во Лос Анџелес. Значи оваа година имаме пет локации.“

Актерите доаѓаат во САД да снимаат со новиот член на екипата - Bart the Bear. Оваа информација ја откри лично Џорџ Мартин на неговиот блог.

Тој напиша: „Да, новиот член е мечокот Bart the Bear. Но не оној вистинскиот бидејќи тој почина, туку Барт вториот.“

Премиера на новата сезона на „Игра на тронови“ е на 31-ви март во САД.

30-01-2013 | Извор: Entertainment Weekly
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ