close
Премиера
 
43592_-_254
Извор: HBO

„Игра на тронови“ е најпиратирана серија оваа година

Во првата тројка на илегално симнувани серии оваа пролет се наоѓаат „Игра на тронови“, „The Big Bang Theory” и „How I Met Your Mother“.

Ранкингот е правен според бројот на симнувања на секоја епизода од март до јуни. Според тоа, „Игра на тронови“ е симнувана 5.2 милиони пати по епизода, што е за повеќе од 2 милиони пати во споредба со „The Big Bang Theory“ и „How I Met Your Mother“.

Според Давид Петрарка, директор на серијата, илегалното симнување не мора да значи само по себе дека е лошо за определена програма. Тој смета дека серијата живее од коментарите на социјалните мрежи и фамата која се создава за неа. Тоа води кон зголемување на бројот на претплатници. Инаку и минатата година серијата „Игра на тронови“ беше најпиратирана серија во светот.

Во продолжение следува табелата на најпиратирани серии оваа пролет:

1. „Игра на тронови“ (5.2 милиони симнувања)
2. „The Big Bang Theory“ (2.9 милиони)
3. „How I Met Your Mother“ (2.85 милиони)
4. „The Walking Dead“ (2.7 милиони)
5. „Hannibal“ (2.1 милиони)
6. „Vikings“ (1.9 милиони)
7. „Arrow“ (1.85 милиони)
8.„ The Vampire Diaries“ (1.8 милиони)
9. „Modern Family“ (1.75 милиони)
10. „Revenge“ (1.7 милиони)


24-06-2013 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ