close
Премиера
 
43406_-_254
Извор: HBO

„Игра на тронови“ втора најгледана серија на сите времиња

„Игра на тронови“ ја затвори третата сезона како втора најгледана серија на „HBO“ на сите времиња.

Премиерата на последната епизода од третата сезона во САД ја гледале 5.4 милиони гледачи што е за 28% повеќе од финалето на втората сезона кое собра 4.2 милиони гледачи.

Просекот на гледачи по епизода („HBO“, „HBO OD“, „HBO GO“) беше 13.6 милиони гледачи. Тоа е за 2 милиони повеќе од минатата сезона и со тоа оваа серија се наоѓа веднаш зад најгледаната серија на сите времиња, „Сопранови“.

Пред оваа сезона на „Игра на тронови“, на второ место беше рангирана „Вистинска крв“. Дали ќе ја премине епската фантазија на Џорџ Мартин ќе видиме од понеделник, кога ќе ја следиме новата, шестта по ред, сезона на „Вистинска крв“, преку услугата „HBO OD“

12-06-2013 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ