close
Премиера
 
43043_-_254
Извор: Europress / Getty Images

„Девојки“ и „Игра на тронови“ со „BAFTA“ награди

Драмата „Девојки“ ја освои наградата за најдобра странска серија, додека „Игра на тронови“ се закити со единствената награда која ја доделува публиката на церемонијата на доделување на „BAFTA“ наградите која се одржа во Лондон.

Во остра битка, „Игра на тронови“ успеа да ги победи „Call the Midwife“, „The Great British Bakeoff“, „Homeland“, „Strictly Come Dancing“ и преносот од отворањето на Олимписките Игри во Лондон. Секако голоем придонес за тоа имаат и британските актери во екипата како Ричард Меден. Емилија Кларк, Кит Харингтон и Гвендолин Кристи.

Следува списокот на добитници во главните категории:

Најдобар актер
Бен Вишоу, „Richard II“

Најдобра актерка
Шеридан Смит, „Mrs Biggs“

Најдобра споредна машка улога
Сајмон Расел, „Henry IV Part 2“

Најдобра споредна женска улога
Оливија Колман, „Accused“

Најдобра мини серија
„Room At The Top“

Најдобра драмска серија
„Last Tango In Halifax“

Најдобра странска серија
„Девојки“

Најдобра документарец
„7/7: One Day In London“

Најдобра забавна програма
„The Graham Norton Show“

16-05-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ