close
Премиера
 
38784_-_254
Извор: HBO

Шон Бин од „Игра на тронови“ во пилот епизодата на „Legends“

Актерот Шон Бин треба да го замени Брендон Фрејзер во „Legends“ и да го игра тајниот агент во оваа драмска серија.

Шон Бин, попознат како Нед Старк во серијата „Игра на тронови“, доаѓа на местото на Фрејзер во пилот епизодата на оваа драма. Фрејзер се откажа од улогата поради несогласувања со креаторот на серијата, Хауард Гордон („Homeland“).

Оваа драма го следи оперативецот Мартин Одум (Шон Бин) кој има способност да се трансформира во различни личности во зависност од случајот кој треба да го реши. Но неговиот идентитет доаѓа под знак прашање кога мистериозен човек ќе сугерира дека Мартин не е тоа што мисли дека е.

На проектот кој базира на книгата на авторот Роберт Лител, работат Гордон, Нахманоф („The Day After Tomorrow“), Александер Кери („Homeland“) и Џонатан Левин („Charmed“).

06-12-2012 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ