close
Премиера
 
42959_-_254
Извор: Europress / AFP

Шон Бин во серијата „Legends“

„TNT“ ќе ја снима шпионската драма „Legends“ во која ќе настапи и една од ѕвездите на „Игра на тронови“, Шон Бин.

Проектот базира на книгата на Роберт Лител. Режисер на пилот епизодата ќе биде Дејвид Семел („Person of Interest“), сценарист е Џефри Нахманоф, додека во улога на извршни продуценти ќе се најдат Хауард Гордон и Александер Кери од „Homeland“.

Шон Бин ќе игра таен агент на ФБИ кој е способен толку многу да ги менува идентитетите што започнува да се запрашува кој е неговиот вистински идентитет. Во екипата се и Али Лартер, Роб Мејс, Тина Маџорино, Стив Херис, Амбер Валета и Лукс Жарден. Шон Бин го замени Брендон Фрејзер кој го напушти проектот.

20-05-2013 | Извор: Variety
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ