close
Премиера
 
43325_-_254
Извор: HBO

Шок во „Игра на тронови“: Најмрачната сцена во историјата на телевизијата

Деветтата епизода од третата сезона на „Игра на тронови“ ќе остане запаметна како една од најшокантните епизоди, секако во зависност дали гледачите ги читале книгите претходно.

Крвав пекол. Така може да се опише дветтата епизода од серијата, која освен што беше шокантна за гледачите, била тешка и за самите актери. Ричард Меден (Роб Старк) чиј лик, заедно со ликот на неговата мајка и бремена жена се брутално убиени, по снимањето на сцената, веднаш се качил на авион и заминал за Лондон бидејќи не можел повеќе да издржи на сетот.

Дури и Џорџ Мартин вели дека тоа е најтешката епизода која кога било ја пишувал. Тој вели: „Кога ја пишував книгата, не можев да го напишам овој дел. Дури откако го завршив романот седнав да ја пишувам ‘Црвената свадба’. Како и кај актерите, така и кај мене, ликовите се трансформираат во живи суштества и имав чувство како да си ги убивам сопствените пријатели.“

Фановите на серијата се веќе навикнати да го очекуваат најнеочекуваното. Тоа го најави уште првата сезона кога му беше отсечена главата на Нед Старк. Но овој пат, станува збор за крвопролевање без никакви правила. Каква ќе биде одмаздата ќе видиме во следните сезони.

Инаку, десеттата епизода од третата сезона на серијата „Игра на тронови“ може да ја погледнете вечерва во 20:05 часот на „HBO“.

10-06-2013 | Извор: New York Daily News
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ