close
Премиера
 
38663_-_254
Извор: HBO

Финтан Мекион со улога во серијата „Hollyoaks Later“

Финтан Мекион, познат по своето учество во серијата „Игра на тронови“, е избран да го игра озогласениот татко на Брендон Брејди во серијата „Hollyoaks Later“.

Во оваа сезона фановите ќе дознаат дека Брендон (Емет Џеј Скенлан) бил сексуално злоставуван од неговиот татко додека тој бил дете. Брендон смета дека токму таа траума е одговорна за неговото насилно однесување денес.

Вистината ќе излезе на виделина при една посета на домот на неговото семејство каде гледачите ќе бидат запознаени со овие чинови преку неколку „флешбек“ сцени. Очигледно, сè уште под стрес, поради тоа што го доживеал како дете, Брендон е ужаснат дека и неговата баба знаела за злоставувањето, но не преземала ништо за да го спречи. Овој факт таа ќе го плати со својот живот.

По овој настан тој повеќе не е истиот човек. Особено откако ќе открие дека неговиот бизнис партнер е таен агент кој се обидува да му се освети за смртта на неговиот брат за кој смета дека го убил Брендон со дрогата која му ја продавал.

Финтан Мекион, познато по неговите улоги во „Мерлин“, „Игра на тронови“ и „Ѕвездени патеки: Војаџер“, треба да и се приклучи на екипата како злогласниот татко на Брендон и Черил во текот на следниот месец. Во врска со улогата Мекион изјави: „Ова е мој прв настап во сапунска драма и се надевам дека ќе можам да придонесам со нешто уникатно во форматот и стилот на серијата.“

03-12-2012 | Извор: Unreality Primetime
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ