close
Премиера
 
40818_-_254
Извор: HBO

Три нови трејлери за третата сезона на „Игра на тронови“

Два тизери со наслов „Ѕвер“ и „Војна-преглед“, како и едно подолго промо видео се објавени од „HBO“ пред премиерата на третата сезона на „Игра на тронови“.

Во земја каде летата траат со децении, а зимите може да траат и цел еден живот, се подготвуваат неволји. Од југот кој кова завера и дивите источни земји, до замрзнатиот север и древниот Ѕид кој ја штити земјата од мракот кој се наоѓа надвор од кралството. Додека предавството, страста, интригите и натприродните сили ги тресат четирите агли на кралствата, нивната крвава борба за Железниот трон ќе има непредвидливи и далекосежни последици. Сите кралеви и кралици, витези и одметници, лажговци и благородници ја започнаа „Игра на тронови“.

Првиот тизер започнува со изјавата на сер Џора Мормонт: „Во секој човек има ѕвер. Тој се раздвижува кога има меч во рацете“ со што алудира на насилството што се најаваува за третата сезона. Во ова видео ќе видиме повеќе сцени со некои од омилените ликови од серијата како Денерис Таргариен, Џон Сноу и Тирион Ланистер.

Второто видео е брз полуминутен приказ кој има две цели - да ги стимулира верните гледачи и да им даде основи податоци на новите гледачи (кој против кого се бори и кој сака кого да види мртов).

Третото видео со наслов „Без милост“ ни подарува сцени со земјови, моќната Денерис, како и прво запознавање со Ремзи и Кралицата на трњата. А конечно ќе видиме и како изгледа Станис Баратеон кога е агресивен.

19-03-2013 | Извор: HBO Watch
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ