
Извор:
HBO
Трејлер за новата сезона на „Банши“
Погледнете го новиот трејлер за акционата драма „Банши“!
Во оваа акција чии креатори се Алан Бол („Вистинска крв“), Грег Јејтенс и Питер Макдиси, главната улога ја има Ентони Стар како Лукас Худ. Тој е поранешен затвореник кој го презема идентитетот на шерифот од Банши, Пенсилванија, и ги продолжува своите криминални активности додека го прогонуваат гангстерите што ги има предадено петнаесет години порано.
Во новата сезона ќе видиме транвестити, хакери, украински мафијаши, поранешен криминален бос кој е Амиш и многу секс сцени и сцени со насилство.
Погледнете го подолу трејлерот за втората сезона на „Банши“:
05-12-2013
| Извор:
Indiewire