close
Премиера
 
39098_-_254
Извор: HBO

Третата сезона на „Игра на тронови“ ќе трае подолго

Креаторите на серијата „Игра на тронови“ најавуваат супер долга трета сезона што веруваме дека ќе ги израдува сите фанови.

Дејвид Бениоф и Ден Вајс работеа на првата половина од содржината на најдолгата новела од серијалот „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р.Р. Мартин. Станува збор за романот „A Storm of Swords“. Поради тоа и епизодите од третата сезона треба да бидат подолги од вообичаеното. И понатаму ќе бидат 10 епизоди, но нивното времетраење ќе биде подолго.

Со оглед дека секоја епизода ќе биде 4-5 минути подолга отколку претходните две сезони, значи дека ќе имаме за гледање плус уште една цела епизода. Секоја од епизодите од третата сезона треба да трае од 56-57 минути. Како што вели Вајс: „Фановите бараат уште епизоди. Затоа ќе имаме повеќе содржина, но повторно поделена во 10 епизоди.“

А најважно од сè е дека се очекува последната епизода да трае повеќе од еден час. Сепак, тоа ќе зависи од „HBO“ кој треба да даде дозвола за такво нешто.

Премиерата на третата сезона е најавена за 31-ви март 2013 година.

20-12-2012 | Извор: Entertainment Weekly
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ