close
Премиера
 
34956_-_254

Третата сезона на „Игра на тронови“ повторно ќе се снима во Хрватска

Потврдено е - хит серијата од оригиналната продукција на „НВО“ се враќа во Хрватска во новата сезона, чиј прекрасен средновековен град Дубровник послужи како идеална кулиса за Кралебран во 2. сезона.

Снимањето на 3. сезона на оваа повеќе пати наградувана серија, базирана на циклусот епски романи „Песна за мразот и огнот“ на авторот Џорџ Р. Р. Мартин, почнува во јули оваа година, а продукцијата повторно ќе биде во Белфаст и останати делови на Северна Ирска. Покрај Хрватска, продукцијата се враќа на уште една локација од втората сезона - Исланд. Мароко се најавува како нова, четврта локација каде ќе се снима новата сезона од овој возбудлив серијал.

Режисерите кои ќе работат на третата сезона се: Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс, Алекс Грејвс, Мишел Мекларен, Ден Минахан, Дејвид Натер и Алик Сахаров. Сценаристи кои се враќаат и во новата сезона се Дејвид Бениоф и Д. Б. Вајс, Брајан Когман, Џорџ Р. Р. Мартин и Ванеса Тејлор.

Изборот на актерската екипа е во тек и наскоро ќе биде објавен.

Да се потсетиме - серијата „Игра на тронови“ е напната приказна сместена во фантазиски свет во кој, како и во реалниот, амбициозни мажи и жени се борат за власт. Кој го држи Железниот престол во Седумте кралевства на Вестерос, тој поседува неверојатна моќ, а дејствието го следи успехот и падот на неколку семејства кои ја посакуваат таа моќ по секоја цена.

Втората сезона на серијата се прикажуваше на „НВО“ во Македонија од 2. април до 4. јуни оваа година, само еден ден по американската премиера.

27-06-2012
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ