close
Премиера
 
40427_-_254
Извор: HBO

ТВ премиера на првиот трејлер за третата сезона на „Игра на тронови“

Светската премиера на првиот трејлер за третата сезона на „Игра на тронови“ се случи во петокот на „Џими Кимел Лајв!“.

Ова тв шоу се прикажува за време на викендите, а токму таму се случи и првата светска премиера на првиот трејлер од третата сезона на серијата „Игра на тронови“. Кимел, и самиот голем фан на серијата, го започна одбројувањето до премеирата на третата сезона која е закажана за 31-ви март во САД, односно за 1-ви април кај нас.

Веднаш по првото прикажување, видеото во траење од 60 секунди беше качено и на официјалниот Јутјуб канал на „Игра на тронови“.

Серијата се базира на серијалот книги „Песна за мразот и огнот“ на Џорџ Р. Р. Мартин. Претставува епска хроника за борбата за моќ и власт во огромното и насилно кралство.

Трејлерот можете да го погледнете тука, а првата епизода од третата сезона е на 1-ви април, само еден ден по американската премиера.

25-02-2013 | Извор: HBO Watch
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ