close
Премиера
 
43640_-_254
Извор: Europress / AFP

Стари ликови во новата сезона на „Игра на тронови“

Во четвртата сезона на „Игра на тронови“ се враќаат и некои од старите ликови. Тука мислиме пред сè на Алисер Торн, Лиса Арин и Рорџ.

Во новата сезона повторно ќе се појави Овен Тил во улогата на Алисер Торн. Последен пат го видовме во деветата епизода на првата сезона. Тил изјави: „Алисер е безмилосен лик сличен на наредник во војска. Тој бил злоставуван во младоста. Навистина е интересен за портретирање.“

Во четвртата сезона ќе го гледаме и Рорџ кој последен пат се појави во Харенхал во втората сезона во епизодата „Принцот на Сурозимје“. И Кејт Дики (Лиса Арин) и Даниел Портман (Под Пејн) потврдија дека ќе снимаат во новата сезона.

Се чека потврда и за повторно појавување на Доминик Картер како Џанос Слинт, поранешниот командант на Градската стража кој мораше да ја напушти функцијата и да замине во Ноќната стража поради Тирион Ланистер.

27-06-2013 | Извор: Winter is coming.net
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ