close
Премиера
 
44087_-_254
Извор: Europress / Getty Images

Роџер Ештон Грифитс во улогата на Мејс Тирел во „Игра на тронови“

Конечно е познато која ќе ја игра една од најважните улоги во четвртата сезона на серијата „Игра на тронови“.

Роџер Ештон-Грифитс ќе се најде во улогата на Мејс Тирел. Тој е господар на Висоградина и глава на семејството Тирел. Мејс е син на Олена и татко на сер Лорас и Марџери Тирел. Според зборовите на неговата сопруга, тој е прилично неспретен и клапчо.

Грифитс е британски актер кој има долга кариера. На големото платно можевме да го погледнеме во „Gangs of New York“, „A Knight’s Tale“ и „The Brothers Grimm“. Кога станува збор за сериите, забележителни улоги имаше во „Torchwood“ и „Династијата Тудор“.

05-08-2013 | Извор: Winter is coming.net
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ