close
Премиера
 
40738_-_254
Извор: Europress / AFP

Ричард Меден на „Discovery Channel“

Ричард Меден, кој е познат по улогата на Роб Старк во „Игра на тронови“ ќе биде дел од првиот оригинален проект со однапред направено сценарио на „Discovery Channel“. Станува збор за минисеријата „Klondike“ чие дејство се случува во текот на деветнаесеттиот век, за време на познатата златна треска.

„Discovery Channel“ го финишира кастингот за оваа минисерија која ќе има шест продолженија од по еден час. Информациите велат дека Ричард Меден, Аугуст Пру („Charlie St. Cloud“), Аби Корниш („RoboCop“), Ијан Харт („Luck“), Џони Симонс („The Perks Of Being A Wallflower“), Конор Лесли („Chained“), Тим Рот и Тим Блејк Нелсон се веќе одбрани или се во завршни преговори да му се придружат на Крис Купер во овој проект. Продуценти се „Scott Free Prods.“, „Discovery Entertainment One“ и „Nomadic Pictures“.

Серијата се базира на романот „Gold Diggers: Striking It Rich In The Klondike“ на Шарлот Греј. Зборува за шест лица и за нивната заедничка борба за преживување и збогатување во еден мал, пограничен град. Сценариото е на Пол Шеуринг, Џош Голдин и Рејчел Абрамович, а режијата на Сајмон Селан Џоунс.

Минисеријата се фокусира на двајца другари од детството - Бил Хаскел (Ричард Меден) и Бајрон Епстеин (Аугустус Пру) кои во текот на 1897 година се упатуваат кон провинцијата Јукон во потрага по богатство. Се сретнуваат со стравично опасни авантури, возбуда и опасности на секој чекор.

Корниш ќе ја игра главната женска улога Белинда, која поседува воденица и биро за кредити. Таа има лошо мислење за сите кои доаѓаат да бараат злато. Харт игра нескротлив измамник и ситен крадец во Јукон, додека Симонс ќе биде Џек Лондон, пијаница и зависник од адреналин кој има план да напише томови книги за неговите доживувања. Лесли би требало да се најде во улогата на Сабин, локална амбициозна убавица, додека Рот ќе се најде во улогата на Грофот.

14-03-2013 | Извор: Deadline Hollywood
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ