close
Премиера
 
41494_-_254
Извор: HBO

Претпродолжение на „Игра на тронови“?

Џорџ Р. Р. Мартин не ја исклучи можноста за снимање на претпродолжение на серијата „Игра на тронови“.

Претендентите за Железниот трон во Вестерос ќе се сретнат со многу предизвици во третата сезона чија премиера кај нас ќе биде на 1-ви април, само еден ден по американската премиера. Со оглед на огромниот успех на серијата и креативноста на Мартин, постојат бројни можности за продолжување на приказната.

Во врска со тоа, Мартин изјави: „Веќе неколку години пишувам серија романи за светот на Вестерос, но таму дејствието е сместено стотици години пред Игра на тронови. Приказната се врти околу два лика, Данк и Ег. Три од романите се веќе излезени од печат. Станува збор за „The Hedge Knight“, „The Sworn Sword“ и „The Mystery Knight“. Во план имам да напишам уште девет или десет романи за авантурите на овие два лика.“

„Ние размислувавме и за идејата според овие книги да се направи претпродолжение на Игра на тронови со оглед дека дејствието се одвива на исто место, но стототици години претходно. Приказната е многу полесна и поедноставна отколку во Игра на тронови, но со повеќе авантура.“

Данк е всушност Сер Данкан Високиот, легендарна фигура во кралската стража пред настаните од Песна за мразот и огнот, додека Ег (Јајцето) е прекар на Егон V Таргариен, принц кој е предодреден да стане крал на Вестерос.

25-03-2013 | Извор: E! Online
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ