close
Премиера
 
39393_-_254

Премиера на нова серија од оригиналната продукција на „HBO“ - „Банши“

Премиерата на серијата е во понеделник, 14. јануари 2013 на „HBO On Demand“.

Од креаторите на „Вистинска крв“, Алан Бол и Грег Јатејнс („Херои“, „Изгубени“, „Доктор Хаус“) ни доаѓа „Банши“, серија од десет епизоди во која настапуваат Ентони Стар и Ивана Миличевиќ.

Во серијата „Банши“, Ентони Стар го игра Лукас Худ, поранешен затвореник и одличен крадец кој го презема идентитетот на шерифот во Банши во Пенсилванија, каде ги продолжува своите криминални активности, додека од сенка го гонат криминалците кои ги издал пред петнаесет години. Ивана Миличевиќ, пак, ја игра Кери Хоупвел, злогласна крадачка на скапоцени камења која сега живее во Банши под лажен идентитет и со ново семејство кое не знае ништо за нејзиното минато; Улрих Томсен го глуми Проктор, заштрашувачки и богат локален бизнисмен кој верува дека е над законот; Френки Фаисон го игра Шугар Бејтс, мудар и моќен поранешен боксер и затвореник, а сега сопственик на локална биртија; Рус Блеквел се појавува како херојот од Заливската војна, Гордон Хоупвел, јавниот обвинител на Банши, кој е оженет со Кери; Рајан Шејн ја игра Дива Хоупвел, бунтовната ќерка на Кери и Гордон и Бен Крос го игра г-дин Ребит, немилосрден украински гангстер кои веќе петнаесет години ги гони своите најдобри крадци, Лукас и Кери.

Извршни продуценти на серијата се Џонатан Трупер, Дејвид Шиклер, Питер Мекдиси, Алан Бол и Грег Јатејнс.

Сценариото го напишаа Џонатан Трупер и Дејвид Шиклер. Како режисери се појавуваат Јатејнс (добитник на „Еми“ за „Доктор Хаус“), Ес Џеј Кларксон („EastEnders“, „Декстер“, „Ловена“), Оле Кристијан Медсен („Edderkoppen“, „Flame and Citron“), Дин Вајт („Беше еднаш“) и Мигел Сапочник („Извршители“, „Доктор Хаус“).

08-01-2013
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ