close
Премиера
 
43394_-_254
Извор: HBO

Последна сезона на „Кени Пауерс“

„HBO“ најави дека четвртата сезона на серијата „Кени Пауерс“ воедно ќе биде и последна сезона.

Продуценти на серијата се Џоди Хил, Дени Мекбрајд, Вил Фарел, Крис Хенчи и Адам Мекеј. Во серијата, Мекбрајд го игра поранешниот безбол играч Кени Пауерс кој се бори да го прифати своето стареење како во личниот, така и во професионалниот живот.

Иако завршува оваа комична серија, „HBO“ продолжува да вложува во овој жанр. Веќе знаеме дека ќе имаме трета сезона на „Потпретседателка“ и „Девојки“, а во моментот во САД веќе се прикажува првата сезона на новата комична серија „Family Tree“ на Кристофер Гест. Во септември ќе има премиера на уште една нова серија – станува збор за „Hello Ladies“ на Стивен Мерчант. Во процес на продукција се уште неколку серии како „Togetherness“ и „Getting On“.

18-06-2013 | Извор: The Hollywood Reporter
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ