close
Премиера
 
42525_-_254
Извор: HBO

Питер Динклиџ: „Не се чувствувам како цврсто момче поради Игра на тронови“

Питер Динклиџ изјави дека борбените сцени во „Игра на тронови“ не прават да се чувствува како „цврсто момче“.

Во интервјуто за „Плејбој“, Питер откри дека повеќе внимава да не заработи некоја повреда за време на снимањето на борбените сцени. Популарниот Тирион Ланистер вели: „Има една сцена во која му отсеков нога на еден човек од зад грб. Господинот имаше веројатно 70 години. Го снимаат од зад грб за да не се види колку години има. Покрај тоа, тој имаше само една нога. Јас му ја отсеков токму ногата која ја нема, односно вештачката нога.“

Во интервјуто Динклиџ изјави: „Имав голем, тап меч и со него му ја отсеков дрвената нога на човекот. Така што одговорот на вашето прашање е Не! Не се чувствувам како цврсто момче. Борбените сцени се имитација. Цело време внимаваш некој да не те погоди со меч во окото и посакуваш да си имал шлем на главата.“

Питер Динклиџ како Тирион Ланистер можете да го гледате секој понеделник во третата сезона на „Игра на тронови“ на „HBO“.

19-04-2013 | Извор: E! Online
Почитуван посетител, оваа веб-страна користи колачиња со цел обезбедување на веб услуги и функционалности што не би можеле да бидат обезбедени без употреба на колачиња. Со посетувањето и користењето на оваа веб-страна Вие ја давате вашата согласност колачињата да бидат преземени на Вашиот пребарувач. Можете да дознаете повеќе за колачињата и да ги промените поставувањата за колачињата тука.

НЕ ГО ПРИКАЖУВАЈ ПОВЕЌЕ